Достапни линкови

Македонија треба да го следи примерот на десетте земји кандидати за членство во ЕУ


Македонија во процесот кон приближување кон Европската Унија треба да ги следи искуствата на десетте земји кандидати кои ќе влезат во Унијата, вели Сашо Георгиевски професор по меѓународно право и член на комисијата која ја изработи Националната стратегија за приближување на Македонија кон Унијата:

„Македонија и не само Македонија туку и другите земји од процесот на стабилизација и асоцијација во овој момент се во извесна предност, говорејќи во техничка смисла, затоа што веќе го имаат искуството на десетте земји кандидати кои ќе влезат во ЕУ. Така што патот каде што треба, како треба, кои се правците иако на крајо се сведува на специфика на државата.“

Тој посочува дека тие критериуми практично и ќе го водат процесот, односно предвидуваат неколку блокови на реформи во кој прилагодувањето на законодавството е само еден сегмент на кој треба да се работи, но тука се и политичките и економските реформи

„По мене тој процес е забавен и би било многу пожелно и полезно за оваа држава доколку тоа и се случи,“

Според него сепак на планот на евроинтеграциите се чувствува нов импулс

„Се очекува дека Македонија и внатрешно ќе се мобилизира, а тоа се гледа и со најавата дека Македонија ќе поднесе кандидатура веќе на есен и во исто време се очекува годинава поцврсто да се воспостваи внатрешен механизам кој ќе овозможи да се тргне по тој пат.“
XS
SM
MD
LG