Достапни линкови

Заводот за статистика останува без коментар до објавувањето на резултатите


Пописот во Mакедонија се одвива под меѓународен мониторинг и со меѓународна помош. Сите политички партии во Македонија вклучувајќи ја и ДУИ по средбата на премиерот Црвенковски со Ахмети соопштија дека нема да ги проблематизираат неговите резултати. Согласно законот за попис тие треба да се објават до ноември две илјади четвртата. По повторувањето на наводите за можни изненадувања од резултатите на пописот односно од навестувањата дека тие ѓе покажат оти процентот на албанската заедница во Mакедонија е околу 19, наместо речиси 30 насто колку што тврдеше албанската страна Државниот завод за статистика преку портпаролот Тања Митевска соопштува:

„Државниот завод за статистика ниту досега, ниту понатаму не сака да ги коментира шпекулациите и коментарите во однос на пописните резултати, бидејќи Заводот не ги давал тие податоци. Заводот е стручна институција и е концентриран на својата професионална задача – обработка на податоците во согласност со утврдените процедури и предвидената динамика“.

Портпаролката на ЕУ Ирена Ѓузелова вели:

„Тоа се чисти шпекулации и навистина не знам од каде поизлегуваат такви информации. Морам да ве потсетам дека ние тесно соработуваме со Државната Пописна комисија за сите прашања поврзани со пописот и мислам дека ние сме многу поупатени отколку некакви дипломатски извори на кои таквите информации се повикуваат. Што се однесува до етничката стурктура на населението очекуваме резултатите да бидат овбјавенби до крајот на оваа година, а финалните до јуни двеилјади и четвртата. Нема никакви стравувања или обиди објавувањето на резултатите да биде одложено. Ова е статистичка операција и тие треба фда бидат точни, а за тоа е потребно време.“
XS
SM
MD
LG