Достапни линкови

Без државите од Балканот ЕУ не е комплетна


Македонија и Шведска се изнедадени од изјавите на некои високи европски фунционери кои се однесуваат на стопирањето на понатамошното проширување на Европската Унијата

„Ја искажавме нашата изненаденост од некои изјави што доаѓаат од високи европски функционери, а се однесуваат на евентуална заситеност на ЕУ од нови проширувања или дури предлози за стопирање на процесот на проширување. Нашиот став е дека ЕУ не може да биде потполна без присуство на балканските земји и и убедеа сум дека станува збор за индивидуални и инцидентни изјави,“

изјави македонскиот шеф на дипломатијата Илинка Митрева. Со сличен став и нејзниот шведски колега Ана Линд

„Договорите за асоцијација и стабилизација ја вклучуваат можноста за приближување односно членство во ЕУ. Тоа не ниту лесен ниту брз процес, но можноста е тука. И се согласувам со господинот Проди дека проширувањето на ЕУ не може да биде комплента се додека не се опфатат и Балканските земји,“

вели Ана Линд која додаде:

„Македонија за две години постигнала многу, разликите се евидентни,“

посочува таа предупредувајќи:

„Сеуште престојат предизвици но изминат е голем дел од патот со што изгледите за подобра иднина на Македонија се тука. Се што можеме да помогнеме за да го олесниме процеот на помирување и спроведување на Охрискиот договор ние ќе го направиме,“

изјави Ана Линд.

Македонија и Шведска потпуишаа две спогодби за продлабочување на меѓусебната соработка:

„Цел на соработката е да се поддржат реформите во Република Македонија на најезиниот пат кон ЕУ низ унапредување на демократското управување, низ поддршка на развојот на демократските институции и граѓанското општество, развојот на пазарната економија и зацврстување на стабилноста во регионот.“
XS
SM
MD
LG