Достапни линкови

Одржувањето на советот позитивен сигнал


Советот за национална безбедност на Република Македонија има своја уставна основа и сосема добра аргументација за своето постоење оценува членот на советот Ѓунер Исмаил.

„Сметам дека уставотворците имале доволно квалитетни аргументи да го позиционираат ова тело и според тоа ова тело е еден фин цивилизиран додаток на она што секојдневно го работат најголемиот дел од луѓето што седат во тој состав.“

Според Агрон Буџаку пак одржувањето на советот во ова време е позитивен сигнал

„Ми се чини дека и по етничка и по партиска линија сите ги хармонизираме ставовите.“

Покрај консултативната, овие средби имаат и своја обврзувачка димензија оценува Ѓунер Исмаил.

„Тој тип на средба на одреден начин е обврзувачки за оние коишто таму ќе ги презентираат своите гледања за одредени состојби во доменот на безбедноста. Таа обврзаност ќе придонесе во периодот потоа да настапуваат врз основа на тоа што таму го презентирале или да не речам се обврзале.“

Безбедноста треба да биде доминантна тема на ова среќавање, смета Буџаку иако и ситуацијата околу Ирак заслужува посебно внимание

„Да дискутираме да заземеме најдобра позиција за Македонија.“

Обемниот дневен ред на денешната седница на советот говори дека доста теми се насобраа за овие 5 месеци колку што советот не заседаваше. Ова ќе биде можноста за своевиден преглед на информациите

„И во таа смисла може да испаднат и корисни сознанија за оние што утре ќе продолжат во своите секојдневни задолженија да го работат она што до сега останало недоразрешено,“

оценува Ѓунер Исмаил

Доколку ова заседание на советот за национална безбедност биде што е можно потранспарентно и јавноста биде што е можно повеќе запознаена со она за што таму е разговарано тогаш ќе бидат отстранети причините за загриженост што една ваква средба може да предизвика во јавноста, сметаат Исмаил и Буџаку.
XS
SM
MD
LG