Достапни линкови

Резултатот од разговорите ќе влијае на американските воени планови


Во тек се разговори Вашингтон – Анкара за разместување американски војници во јужна Турција за можната војна против Ирак. Аналитичарите велат дека резултатот од овие разговори ќе има голема рефлексија врз американските воени планови и врските со единствената муслиманска земја членка на НАТО.

И покрај тоа што да се нападне Ирак од Турција е витален дел од американските воени планови во Белата Куќа изјавија дека Ирак може да се порази и без подршката на Анкара. Портпаролот Ари Флеичер изјави дека Вашингтон има опции за разместување трупи сегде во регионот доколку Турција ја одбие финалната понуда која гласи 6 милијарди долари грант и 20 милијарди како заеми.

„Турција, секако, е посакуван партнер од воено - стратегиска гледна точка, но воената машинерија на Соединетите држави е флексибилна и може успешно да покрене воени операции.“

Турција, клучен американски сојузник економски страдаше од Заливската Војна 1990-91. Сега повеќе од 90 насто од турците се против нова војна. Анкара е тежок преговарач. Владеачката партија на Правдата е политичка групација со исламски корени. Вашингтон од друга страна ја подржа Турција во напорите за членство во Европската Унија со оригинална понуда за 15 милијарди долари помош. Според аналитичарите преговорите се најтешката фаза. Зејинел Баран роден турчинка од Никсон центарот во Вашингтон вели.

„Рационално, идеално, и двете страни си требаат една на друга.“

Меѓутоа турскиот премиер Абдула Ѓул бара уште 4 милијарди долари иако Вашингтон ја соопшти својата финална економска понуда. Меѓутоа дали е се во парите. Имено лидерот на владеачката партија Реџеп Ердоган прашува дали Анкара треба да стравува од консенквенци ако не биде постигнат договор. Дали Вашингтон ќе ги прекине односите со Русија, Кина и Франција кои се против војната. Всушност според аналитичарот Баран, Турција не сака да биде оставена настрана од војната на југ. Анкара е загрижена од можноста курдите во северен Ирак да побараат независност а тоа да предизвика дестабилизација во Турција каде живее курдско малцинство. Затоа велат аналитичарите Турција сака силно да се обезбеди дека ќе има корист од сојузништвото. Доколку не се обезбеди договор за користење на базите во војната против Ирак од друга страна сепак се отвора дупка во американските воени планови бидејки Ирак ке може да предвиди од која страна би доаѓал нападот и би ги концентрирал своите сили.
XS
SM
MD
LG