Достапни линкови

Треба да се донесе закон за соработка со Хашкиот трибунал


Се согласивме да се донесе закон за соработка со Хашкиот трибунал, соопшти јавниот обвинител на Република Македонија, Александар Прчевски по средбата со главната обвителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте кој објасни дека со законот ке се решат сите дилеми во врска со соработката мегу нашата земја и трибуналот

„Во иднина ќе соработуваме во однос на сите прашања во врска со конфликтот од 200-та година, ќе се залагаме за откривање на евентуално нови случаи и ќе сториме се, она што значеше повреда на хуманитарното право да се пресуди.“

Во контекст на имплементација на законот за амнестија јавниот обвинтел изјави

„За законот за амнестија само попатно стана збор, во врска со формално-правниот карактер на истиот. Тоа јас го истакнав како потешкотија во неговото имплементирање, од причини што заради брзото донесување на тој закон, останаа и одредени потешкотии во врска со спроведувањето на истиот“.

Прчевски информираше дека со главната обвинтелка на Хашкиот трибунал не разговарале за отварање на нови предмети, покрај петте кои кон крајот на минатата година беа предадени на трибуналот

„Во оваа прилика не стана збор за отворање на други постапки. Впрочем, тоа не е овластување – по она што јас го знам – на госпоѓа Дел Понте. За тоа треба да донесе одлука судскиот совет. Со оглед дека нема таква работа, немаше ни потреба од такви разговори“.

Главната обвинтелка на Трибуналот за воени злосторства во Хаг, Карла дел Понте рече дека од голема помош за оваа институција ке биде интенцијата на јавното обвинтелство целосно да соработува, што ке придонесе трибуналот да ги заврши истрагите

„Како што реков ние истражуваме и додека трае истрагата не можеме да кажеме ништо за случиате кои сега се во надлежност на Хаг.“
XS
SM
MD
LG