Достапни линкови

logo-print

Шарон во тесна предност


Израелците денеска гласаат за новиот парламент. Според испитувањата на јавното мислење, партијата Ликуд на премиерот Ариел Шарон ќе однесе лесна победа иако не ќе може сама да формира нова влада. Прашањето е зошто Израелците го подржуваат Шарон ?

Според испитувањата на јавното мислење, Изреалците ги поддржуваат преговорите за мир и создавањето палестинска држава и се против експанзијата на еврејските населби на палестинските територии што се всушност позициите на Лабуристичката партија. Од друга страна владеачката Ликуд партија на премиерот Шарон, безбедноста на Израелците и акциите против палестинските милитанти ја поставија како свој приоритет. Всушност парадоксот што го наметнува јавното мислење за тоа што сакаат а од друга страна за што ќе гласаат Палестинците го објаснува Емануел Отоленгји од Оксфордскиот Универзитет за Еврејски студии.

„Тие Израелците сметаат дека најдобрата опција што ја имаат е да не му ја дадат власта на луѓето со визија туку на некој што може да ја игра валканата игра во овие реалности. А тоа е без сомневање Ариел Шарон. “

Израелците имено иако се за мировни преговори веруваат дека во моментов нема со кого да преговаат затоа што според нив палестинското раководство нема кредибилитет. Тие сакаат мир но доколку не добијат неѓто за возврат се плашат дека тоа ќе значи знак на слабост и ке биде уште повеќе потикнат тероризмот. Меѓутоа Ликуд и Шарон на денешните парламентарни избори не ќе можат да освојат мнозинство во Кнесетот и затоа ќе мораат да направат коалиција. Ако се знае дека Лабуристите јасно ставија до знаење дека нема да коалицираат со Ликуд тогаш Ариел Шарон ќе мора да коалицира со изборот што му преостанува, а тоа е некоја од помалите радикални партии кои ќе влезат во парламентот. Тоа доплонително може да ја усложни ситуацијата, велат аналитичарите. Владата на Шарон за период од 62 часа пред и по изборите нареди забрана за патувања на палестинците меѓу Газа и Западниот Брег и ги затвори граничните премини кон Египет и Јордан. Радикалното движење Хамас објави дека нападите ќе продолжат.
XS
SM
MD
LG