Достапни линкови

Отворање на вратите на Европа


Ставајќи ја регионалната соработка високо на својата Македонската политичка елита агенда покажува дека сватила оти таа е услов за отворањето на вратата на Европа – затоа во својата комуникација со светот инсистира на овој принцип. Како што е најавено Скопје ќе биде домаќин на тркалезната маса посветена на евроатласките интеграции на која ќе учествуваат представници на земјите од регионов. Македонија претендира на авторство на јадранско-охридската иницијатива за соработка меѓу Скопје, Загреб и Тирана за членство во НАТО, со слична замисла е и идејата за тесна соработка на земјите опфатени со процесот за стабилизација и асоцијација и заеднички настап на предстојниот Самит во Солун.Но за разлика од подготвеноста на политиката да произведе изобилство политички декларацији, иницијативи и конференции во земјава недостасува вистинска дебата за конкретните, особено економски видови на соработка.

„Ми се чини дека македонските политичари на сите нивоа, и независно дали се од опозицијата или од власта, избегнуваат отворено јавноста да ја соочат со проблемот на регионалната соработка“.

вели професотр Јане Миљовски промотор на идејата за царинска унија на земјите од југоисточна Европа

„Најчесто, за навистина да влеземе во Европската унија, во некој период мора да влеземе во царинска унија со нашите соседи. Во овој момент, никој не се осмелува да ја отвори таа дискусија“.

Едно е сигурно ќе биде тешко доколку Македонијапродолжи да биде изолирана, вели Миљоски

„Сега може повторно да се разговара за евентуално нов начин на соработка меѓу овие земји. Е, кој ќе го направи тој чекор – дали ќе биде србокомунист, дали ќе биде славјански интегралист, или православен интегралист – сите бегаат од некакви етикети коишто можат да им се закачат и фактички ја промашуваат главната тема. Колку едно општество порано ќе ја согледа потребата од царинска унија и од други форми на соработка, толку подобро. Во овој момент не може да се говори за институционална соработка на политички план, но на економски план барем може да се отвори темата“.
XS
SM
MD
LG