Достапни линкови

Цел враќање на мирот и надежта во Македонија


Идејата на социјалдемократите јавно да предложи спогодба за политичка интеграција според најавите ќе биде промовирана наскоро, на конгресот на партијата идниот месец. Таа за своја цел го има ставањето крај на омразата и поделбите, да овозможи предуслови за враќање на мирот и пред се да ја врати надежта во Македонија.

„Тоа се државни, суштински интереси на Република Македонија и по тие прашања не смее да постои разлика помеѓу ниту една политичка партија во Република Македонија. Социјалдемократскиот сојуз ќе ги повика на соработка сите политички партии, без разлика дали тие се во позицијата или во опозицијата“

изјави портпаролот на СДСМ Игор Ивановски.

Проценките се дека првиот чекор во реализацијата на оваа платформа ќе биде направен со повик за политичко обединување околу евроатланските интеграции. Во првичната реакција од ВМРО ДПМНЕ се вели: евроатласките аспирации на партијата никогаш не биле спорни:

„ВМРО-ДПМНЕ беше партијата којашто во март 2001 година го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Понатаму, владата на ВМРО-ДПМНЕ го потпиша Софа-договорот со НАТО и тоа е веќе апсолвирано прашање. Но, доколку Социјалдемократскиот сојуз смета дека тој процес треба уште еднаш да се реафирмира, тоа е в ред. Но, сето тоа би било повторување на она што е веќе кажано и она што веќе досега е направено. Значи, СДСМ сега во неговиот мандат треба да истапи со конкретни чекори коишто ќе водат во таа насока, а не само да се предлагаат декларативни заложби“.

изјави Влатко Ѓорчев додавајќи, она што се наметува како ургентно потребно е македонско национално единство што ќе има заедничка цел.
XS
SM
MD
LG