Достапни линкови

Можни санкции од ОН


Северна Кореја одбива да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија во врска со нуклеарната програма. Пјонгјанг се подготвува за евентуални санкции од Советот за безбедност на Обединетите нации. Според проценките, кризата мегу Северна Кореја и Агенцијата би можело да биде решена со дипломатски мерки пред да биде преземена активност од Советот.

Северна Кореја го прифати договорот за неразвивање на нуклеарната програма во 1985. Тоа значи дека секоја земја што го потпишала договорот е обврзана да соработува со Мегународната агенција за атомска енергија која е основана од Обединетите нации во 1957 година. Одбивањето соработка значи дека Советот за безбедност може да донесе одлука за спроведување санкации, да дозволи дури и примена на сила за да се зачуваат мегународниот мир и безбедноста. Портпарлот на Агенцијата Мелиса Флеминг вели

„Нашиот борд на управници им даде можност , но исто така и ги предупреди, а предупредувањето гласеше-Одбивањето на соработка нема да успее. Соработката е тоа што треба да се направи.“

Барањето на Пјонгјанг е Соединетите држави да потпишат договор за ненапаѓање со Северна Кореа. Вашингтон пак вели дека кај нив постои војла да започнат разговори со Северна Кореја, но дека Америка нема да прави други отстапки. Во Соединетите држави сметаат дека треба да се најде мирно и дипломатско решение за конкретната криза. Претседателот на Мегународната мировна академија, Дејвид Мелоун вели дека дискусијата за севернокорејската криза во Советот за безбедност може да биде продуктивна.

„Мислам оти поставувањето на прашањето во Советот за безбедност и изразувањето на длабока загриженост од оваа институција ќе биде добро бидејќи Северна Кореја треба да разбере дека не само Соединетите држави туку и мегународната заедница воопшто се вознемирени од нејзиното однесување.“

Ако ситуацијата во Северна Кореја се влоши, Малоун вели

„Што и да се случи во Ирак, мислам дека ќе постои силно чувство оти однесувањето на Северна Кореја го загрозува мегународниот мир и безбедност и ова прашање заслужува да биде посебно разгледувано.“

Мегународната заедница врши интензивен притисок врз Индија, Пакистан и Израел, бидејќи овие земји го немаат потпишано договорот за неразвивање на нуклеарното оружје.
XS
SM
MD
LG