Достапни линкови

Проблеми со исплаќањето субвенции за земјоделците


Во министерството за земјоделие немаат средства за исполнување на ветувањата дадени од претходната влада. Сточарите, производителите на вино и тутунарите многу е веројатно да останат со празни раце. Ветувањата се преголеми за да новата влада во потполност може сите да ги реализира е ставот на државниот секретар за земјоделство Санде Џамбазовски. 1.1 милион евра изнесува дупката во буџетот за исплата на стимулации за извозниците на јагнешко месо.

„Преходната влада има донесено две погрешни одлуки. Едната е многу висока цена по еден килограм, а другата е нема обезбедено покритие за исплата на таа цена. Значи, сега ни се јавува проблем: за 2002 година ни недостасуваат 72,5 милиони денари,“

вели Џамбазовски.

Пресметките се, доколку потребните средства не се изнајдат во најкраток можен период очигледно ќе дојде до намалување на откупната цена на јагнешкото месо, што пак директно ќе ги погоди сточарите. И производителите на грозје добиле интересни ветувања, но истите не биле покриени со реален извор на средства, за ова во буџетот фали 800 илјади евра.

„Има донесено одлука за дена два денари по килограм грозје, без покритие. Бидејќи вкупната количина на грозје откупена во 2002 година е многу поголема од средствата предвидени во буџетот.“

Интересно е и ветувањето дадено на тутунарите една недела по парламентарните избори, во кое се вели премијата за овој производ изнесува 30 денари и во овој случај се работи за средства кои не се обезбедени во буџетот. Ваквото ветување не е евидентирано ниту во Службениот весник на Република Македонија. Според последните пресметки за откуп на тутнот фалат 23 милиони евра.

Во министерството за финансии веќе пристигна предлог за изнаоѓање на сите или дел од ветените средства. До овој момент конкретно решение не е најдено. Едно од можните солуции е овие средства да паднат на товар на буџетот наредната година.
XS
SM
MD
LG