Достапни линкови

Бања Лука: Новата влада на РС до средината на овој месец


Новата влада на Република Српска (РС) би можела да биде конституирана до 16 овој месец, оценија на синоќешната средба во Бања Лука мандатарот на новиот владин состав на РС Драган Микеревиќ и високиот претставник за Босна и Херцеговина (БиХ) Педи Ешдаун. Микеревиќ изјави дека високиот претставник за БиХ го прифатил концептот за новата влада, чиј приоритети ќе бидат економските и правните реформи во РС. Високиот претставник ги поддржал напорите новата влада на РС да биде формирано до средината на овој месец, нагласувајќи оти прва и најтешка задача на новиот кабинет ќе биде формирањето царинска администрација и воведувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) на ниво на БиХ.
XS
SM
MD
LG