Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја поврзува борбата против корупцијата со спроведувањето на Охридскиот догово


„Јас сум навистина зачуден и не можам да поверувам дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто теоретски ќе ја разгледува можноста да му заврти грб на Охридскиот договор што доброволно го потпиша минатата година. Тие се потписници на Договорот и не можат сега да го повлекуваат потписот, тој е таму. НО и покрај ова мислам дека таквото нивно решение комплетно би ги изолирало од меѓународната заедница, од Европската Унија, од НАТО. За такво нешто нема да има никакво разбирање. Јас исто така мислам дека би ги изолирало и од јавното мислење во Македонија, затоа што јавноста сака мир а нема начин да се оствари мир без целосно спроведување на Охридскиот договор. Се надевам дека ова е само една голема грешка и оти тие ќе се вратат на порационално размислување. Како што реков, зачуден сум и за мене ваквото однесување личи на паника. Ако владата на еден одреден начин се бори против корупцијата, тоа е сосема легитимно. Ако меѓу корумпираните има членови на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е штета за нив, но не гледам како можете да ги поврезете од една страна луѓето затворени поради корупција со иднината на Македонија како мултиетничка земја. Тоа се комплетно различни работи. Затоа јас мислам дека ова е привремено кревање паника, што веројатно ќе помине“.
XS
SM
MD
LG