Достапни линкови

Багдад: Бликс бара список на научниците вклучени во ирачките програми за оружје


Шефот на инспекторскиот тим на Обединетите Нации за оружје Ханс Бликс побара од Ирак да му достави список на научници и други лица кои сега или порано биле вклучени во ирачките програми за производство на хемиско и биолошко оружје. Во меѓувреме, инспекторите денеска ја започнаа контролата во еден медицински центар во близина на Багдад. Тоа вчера им беше оневозможено, бидејќи никој не знаел каде е чуварот кој требало да им ја отвори вратата на центарот.
XS
SM
MD
LG