Достапни линкови

logo-print

Не се случи блокада на патиштата


Полициските резервисти, по неуспешниот обид во понеделникот да се сретнат и да издејствуваат од претседателот на собранието Никола Поповски итна собраниска седница на која би се расоправало за нивните барања, денеска иако најавија блокада на магистралните патишта низ земјава, во тоа не успеаја.

И покрај предупредувањата од МВР дека блокадите на патиштата се противзаконски, Стево Ристевски од воено - полицискиот синдикат, непосредно пред почетокот на блокадата изјави:

„И соопштувам на јавноста дека во 10 часот ќе стартува блокадата на патот кон Блаце кај Момин Поток и Визбегово и ќе трае до 12 часот.“

Во нивната намера, резервистите не успеаја. Припадниците на МВР во Визбегово, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ без никакви проблеми ги спречија 50-мината резервисти во нивната намера, по што тие мирно се разотидоа. Портпаролот на МВР Мирјана Контевска вчера изјави:

„Немаат право да блокираат. Имаат право на мирен протест и да го изразат своето мислење. Меѓутоа, блокирањето на магистрални патишта се коси со одредени законски одредби, а министерството е задолжено да постапува според законот.“

Во поголемиот број градови, каде што беа најавени блокади, според нашите информации, припадниците на резервниот состав не се ниту обиделе да го сторат тоа. Однодно, не се појавиле на местата определени за блокада на патиштата.
XS
SM
MD
LG