Достапни линкови

Идејата на НАТО поддршка на позитивна реалност


Амбасадорот на Албанија во Македонија по повод иницијативата на НАТО за соработка меѓу двете земји, денеска за Радио Слободна Европа рече:

„Јас не знам кој е автор на оваа идеја, но сепак во албанската дипломатија ова идеја е стара една година. Неколку пати беше предложена и беше прифатена од нашите македонски партнери. Оваа иницијатива на НАТО ја гледам како поддршка на една позитивна реалност што напредува меѓу нашите две земји. Нормално, не се натпреваруваме околу тоа чии се авториските права за оваа идеја, но важна е атмосферата во која се одвиваат односите меѓу Македонија и Албанија, атмосфера што според мене ќе донесе позитивни резултати и во овој правец. Досега конкретно е постигнат договор за можноста да има заеднички патроли во местата кои се посочени како главни точки за илегални преминувања. Како што знаете, илегалните активности се одвиваат на определени места и како почеток во тие региони ќе се фокусираат чуварите на границата од едната и од другата страна за на тој начин потоа да се постигне целосна контрола на границата.“
XS
SM
MD
LG