Достапни линкови

logo-print

Мирен протест на полициските резервисти


Неколку стотина полициски резервисти од целата земја денеска мирно протестираа пред Собранието на РМ барајки решавање на полицискиот стаж и осигурување за времето поминато во резерва, вработување во МВР или во друга државна институција и исплата на заостанатите пари за истото време.

„Дел од нас ги изгубија работните места кои ги имаа пред војната токму затоа што останаа во војната повеќе од шест месеци. Дали е тоа вработување во МВР или во било која институција, нас не интересира само работа – да можеме да спечалиме, да носиме дома плата, да не враќаме инкасатори. Ние не сакаме никој нешто да ни подари, ние сакаме да работиме и сметаме дека во војната тоа го покажавме и го заслуживме,“

изјави Стево Ристевки од Синдикатот на воено полициските резервисти.

Разбираме дека МВР не е социјална институција но велат резервистите

„Чекаме да ни излезат во пресрет на кој и да е начин. Како што излеговме ние, така да излезат и тие.“

Меѓу другото полициските резервисти бараат Собранието да закаже итна собраниска сеница за решавање на нивните проблеми. Иако Претседателот на Собранието, Никола Поповски, најави дека нема намера да закаже таа седница резервистите сепак не губат надеж:

„Ние имаме доверба во државата и јас верувам дека нашите барања ќе бидат прифатени. Дозволете да и дадеме можност на институциите на системот, уште денеска нека ја искористат. Ние веруваме во нив.“
XS
SM
MD
LG