Достапни линкови

МВР поднесе кривични пријави


Министерството за внатрешни работи поднесе пет кривични пријави за лица кои се инволвирни во според нив спорната продажба на НИП Нова Македонија.

„Во текот на вчерашниот ден МВР поднесе кривична пријава против пет лица, од кои за три лица за злоупотреба на службена положба, а за две лица за помагање во врска со злоупотребата на службената положба,“

изјави потсекретротот на криминалистичката полиција Цане Чапргоски. Тој потврди дека едно лице е во бегство а против него е распишена меѓународна потерница. Чапрагоски објасни на кој начин обвинетите извршиле кривично дело. Откако владата на нејзината 58 седница донела одлука заотанатите пет плати на вработените во НИП Нoва Македонија да се исплатат од средтсва на Агенцијата за Приватизација, а истовремено и НИП-от да се продаде на странски партнер тогаш вели Чапрагоски:

„Наместо средствата во износ од 134 милиони денари да се исплатат на вработените на НИП Нова Македонија, агенцијата за приватизација ги пренасочува преку неколку банки и фирми, од Република Македонија, така што наменските издвоени пари, повторно се враќаат во агенцијата на Република Македонија, но сега со назнака како за откуп на пакет акции од НИП Нова Македонија во корист на странски партнер.“

Потсекретарот на крим полицијата ги отврли тврдењата на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Марјан Ѓорчев дека заменик директорот на Агенцијата за Приватизација Душко Аврамски бил киднаприан во латино американки стил:

„Тоа не е точно, бидејќи лицата кои се кривично пријавени, уредно се повикани со претходно доставени покани во согласност со правилникот за вршење на работите во службите за јавна безбедност за сторено кривично дело, во коешто од лицата се бара известување за прибирање одредени податоци за текот на кривичната постапка.“
XS
SM
MD
LG