Достапни линкови

„Сојузничка хармонија“ нова мисија на НАТО во Македонија


Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон утре во Скопје на претседателот Борис Трајковки треба да му ги соопшти деталите околу мандат на новата мисија на НАТО која ќе брои околу 300 војници а ќе се вика „Сојузничка хармонија“.

„Мандатот на НАТО е онаков како што беше и објавено: предвидено е присуството на НАТО да се продолжи во наредните шест месеци, а ќе ги има тие две компоненти – стабилизација на земјата и поддрѓка на реформите за интегрирање на Македонија во НАТО. Некаде на средината на мандатот ќе има таканаречен преглед при што би се видело дали е потребно и како е потребно понатаму да продолжи мандатот и евентуално да се види можноста дали Европската унија би можела да го преземе раководењето со овој мандат. ОКолу деталите претседателот Трајковски ќе биде информиран изворно утре од генералниот секретар на НАТО,“

изјави портпаролот на кабинетот на претседателот Трајковски Борјан Јовановски. Посетата на Роберстон за Македонија е силен и јасен политички сигнал сметат во кабинетот на претседателот.

„Ова го оценуваме како мошне јасен и силен политички сигнал, како и потврда на заложбите на НАТО кои се јасно искажани во документите од самитот во Прага за отворени врати на НАТО, како и за поддршка на Македонија за зачленување во алијансата.“

Во овој правец Трајковски од Владата бара што поскоро изготвување на стратегија за зачленување на Македонија во НАТО прецизираше портпаролот Јовановски

„Во таа стратегија претседателот смета дека треба да се дефинираат приоритети и рокови за нивно исполнување, за реформи во сите други сфери во општеството. За Македонија да може да стане членка на НАТО, таа треба да биде земја во која се втемелени и во која во практиката живеат тнр. евроатлански вредности врз кои почива и алијансата.“
XS
SM
MD
LG