Достапни линкови

Командантот Горан Стојков поднесе оставка


Командантот на единицата за брзи интервенции во МВР „Лавови“ Горан Стојков поднесе оставка на функцијата, поради како што рече усно добиената наредба за намалување на бројот на Лавовите.

„Генералот Зоран Јовановски ми рече дека ќе бара околу 960 луѓе да бидат распуштени од единицата,“

изјави Стојков, додавајќи:

„Планот со кој е замислена операцијата за растурање на единицата и методите со кои тоа се изведува ги сметам за непристојни и недостојни. За мене како командант на единицата е прашање на чест да не учествувам во еден неетички чин кој некои луѓе заради свои лични интереси или заради свои лични кариери сакаат да го спореведат,“

Истовремено, специјалците формираа свој синдикат Што Ќе има задача да преговара со раководството на МВР за решавање на проблемите што произлегуваат од намерата за радикално намалување на бројот на овие специјални полициски сили. Новоформираниот синдикат потсетува дека „Лавовите“ се формирани со одлука на Националниот совет за безбедност, и оти ќе ги почитуваат натамошните решенија на оваа инстанца.
XS
SM
MD
LG