Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за скоро заминување на терористичката влада


ВМРО ДПМНЕ со сите сили ќе настојува новата власт шо по побрзо да си замине откако Коалицијата „За“ ја одби нивната понуда да не ги вклучи во извршната власт поранешните пприпадници на ОНА, а сега членови на ДУИ, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Владимир Ѓорчев:

„Конечно оваа влада можеме да ја наречеме терористичка влада, односно влада на терористи. И сигурно е дека против таквата влада на терористи ние ќе се бориме со сите легални и легитимни средства во една демократска држава. Значи, тоа би вклучувало жестока парламентарна расправа, а исто така и јавно искажување на ставот, односно несогласување со она што во моментов се случува во Република Македонија. Во секој случај, оваа терористичка влада ќе ги има оние сто дена, но ние исто така ќе сакаме колку што може побрзо оваа терористичка влада да си замине.“

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ најголемата албанска опозиициска партија ДПА најавува конструктивен пристап во парламентот.

„Ќе настојуваме да бидеме конструктивна опозиција и на ваков начин ние ќе делуваме транспарентно и на ваков начин сметам дека можеме да влијаеме позитивно да тие се поправат во нивните залагања за да ги исполнат ветувањата на народот и програмските цели.“

изјави потпретседателот на ДПА Илјаз Халими кој коментирајќи ги предупредувањата на неговата партија за опасност од дестабилизација на Македонија по предлогот на цивилниот администратор на Косово Михаел Штајнер за децентрализација на Косово вели:

„Таков предлог тоа го овозможува. Затоа треба на сите отворени прашања да им се пријде со ист аршин. Само на ваков начин ќе можеме да ги решаваме сите отворени прашања било на Косово било во Македонија со Албанците, па и во Босна и целосно на Балканот. И не е случајно што има некои аналитичари кои се залагаат за една конференција, каде што би учествувале претставници од сите народи од овие земји, за да може еднаш за секогаш да се најде формула за решавање на тие проблеми.“
XS
SM
MD
LG