Достапни линкови

logo-print

Ќе се бара помош од Интерпол и УМНИК


Министерството за внатрешни работи на Македонија очекува помош од Интерпол и УНМИК во апсењето на четворицата поранешни припадници на ОНА осомничени за убиство на матурантот Ванчо Јосифовски од Тетово за кои има информации дека веќе не се македонска територија.

„Ќе побараме и тие институции да ни помогнат и очекуваме таква помош. Ништо не го разликува овој конкретен случај од останатите криминални или терористички чинови во земјава.“

вели Воислав Зафировски портпарол на МВР.

Во УНМИК информираат дека до нив сеуште не е пристагнато барање за помош во апсењето на осомничените:

„Ние сме среќни што соработуваме со властите особено на една соседна држава. Но, досега немаме добиено никакво барање од властите во Македонија. Во исто време сакам да нагласам дека не дојдовме до соодветна идентификација на неодамна уапсените лица на границата со вашата земја.“

вели Андреа Анџели, портпарол на цивилната власт на Обединетите нации во Косово.

Како што соопштува министетството станува збор за Џемалудин Нухија, Шериф Идризи, Мухамед Рамадани и Бурхамедин Нухија.

Заедничко за сите четворица е тоа што биле припадници на 112 бригада на поранешната ОНА, која беше под директна команда на Али Ахмети, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG