Достапни линкови

Се бележи подобрување


Состојбата со илегалните преминувања и инцидентите на границата со соседните земји забележува подобрување велат во АРМ. Последниот оружен инцидент на граничен појас се случи на 13 септември кај караулата долно Блаце при што од неколку члена вооружена група беше нападната пограничната патрола на АРМ.

„Можеме да констатираме дека во последно време обезбедувањето на границата, кога се работи за северниот сосед во делот со Косово, како и на западниот сосед, е доста подобрено од обете страни. За тоа секако допринесе и соработката што АРМ ја имаше со единиците на НАТО, односно КФОР. Во последно време подобрено е и обезбедувањето и на западниот дел од државната граница кон Република Албанија, што првенствено се должи на зголемените активности, односно подобреното обезбедување од страна на органите на Република Албанија. Инцидентите се сосема намалени. Во последниве месец дена немавме никаков граничен инцидент.“

Изјави портпаролот на АРМ Зоран Секуловски кој вели главен проблем остануваат илегалните преминувања

„Се работи за илегални преминувачи кои претежно транзитираат на правецот север – југ, така што сите што се приведени од страна на Армијата се предаваат на органите на МВР.“

Обезбедувањето на границата е клучен елемент и во идеата што ја промовираше претседателот Борис Трајковски за нова меѓународна Мисија во земјава

„Очекуваме трансформација на мисијата за зачувување на мирот во нешто ново, а тоа би била регионална, интегративна, промотивна мисија. Тоа значи поблиска соработка на безбедносните структури на Македонија со НАТО структурите, зголемување на соработката во пограничниот реон и на безбедноста околу границата.“

Ова особено поради показателите дека лошото обезбедување на границите преставува закана за безбедноста внатредржавата бидејќи токму во меѓуграничните појаси е сконцентрирано нелегалното оружке кое може да влезе во државата .

„Многу е веројатно дека се сконцентрирани блиску до пограничните подрачја меѓу Македонија и Албанија и меѓу Македонија и Југославија во делот на Косово. И тоа е само за да можат да се избегнат контролите, а од друга страна и лесно да се транспортираат преку границата, ако се појави потреба.“

Изјави директорот на Форум Центарот за Стратешки истражувања Зоран Јачев.
XS
SM
MD
LG