Достапни линкови

Празните улици единствен показател за празникот


Единствен показател дека денеска е празник во Македонија се празните улици во градот и отсуството на сообраќајниот метеж. Градските власти дури не се погрижија градот да изгледа празично. Низ повеќето главни градски улици како никогаш досега воопшто нема поставено државни знамиња а на некој пак може да се забележи по некое.

За разлика од нив граѓаните со различно мислење:

„Мислам дека се работи за еден од поважните државни празници на којшто треба да му се посвети поголемо внимание затоа што одбележува еден важен историски момент за нашата земја.

Единаесети октомври е важен во историјата на македонскиот народ и треба да се празнува

Мислам дека е еден од најзначајните празници, заради тоа што сум Македонец, заради тоа што лично за мене има големо значење за оваа држава

Го сакам празникот затоа што не се работи, народот е среќен, има големо значење за државата...“


А за помладите празникот е важен зато што:

„Не се работи, не се учи“

За денеска не е предвидена ниту свечена седница на Собранието како што било пример досега на која свое обраќање имаа претседателите на Собранието. Единствена активност денеска во Собранеито, доделувањето на наградите 11 октомври во свечената сала на Парламентот.

Инаку, колку за потсетување прославувањето на денот на независноста 8 септмври помина без поголема помпезност, но тоа тогаш се оправдуваше со предизборната кампања која што беше во тек. Меѓутоа фактот што и денешниот празник ја доживува истата субина ги наметнува прашањата станува ли пракса државните празници да се маргинализираат и да се подзаборавуваат и дали таквиот однос говори за нашиот почит спрема историјата.
XS
SM
MD
LG