Достапни линкови

Неформална средба меѓу Положани и Поповски


Два дена пред конститутивната седница на новиот состав на парламeнтот, координаторите на пратеничките групи се задоволни од првата средба посветена на договорот околу нејзиното одржување.

„Според она што ни го кажа секретарот на Собранието, подготовките се извршени како што треба и мислам дека ова ќе биде добар почеток на една добра иднина.“

изјави Азис Положани од ДУИ. Заминувајќи на кафе муабет со неговиот колега од СДСМ Никола Поповски, на прва јавно потврдена иако неофицијална средба Положани без конктретен одговор за договорите околу назначувањето на првиот човек на собранието:

„Нашата партија сериозно се подготвува за овој мандат. Размислуваме и за функциите претседател и потпретседател на Собранието, но тоа не е некое ексклузивно барање. Ние сме заинтересирани работите да врват со договор со коалиционите партнери и имињата да не се пречка или услов за добра соработка.“

Во сличен тон одговараат и социјалдемократите. Нивните очекувања се името на парламентарниот спикер да биде утврдено во договор со Демократската Унија за Интеграција во паузата што ќе биде дадена откако мандатите на сите пратеници ќе бидат верифицирани на седницата. Според зборовите на представникот на ДУИ Азис Положани на неа ќе бидат присутни сите избрани кандидати на партијата вклучувајќи го и лидерот Али Ахмети

„Мислам дека ќе присуствуваат сите.“

рече Положани.
XS
SM
MD
LG