Достапни линкови

logo-print

Денеска истекува рокот за пријавување на набљудувачите


Денеска истекува рокот за пријаување на наблудувачи кои ќе ги следат престојните парламентарни избори до Државната Изборна Комисија.

Портпаролот Зоран Таневски информира:

„Од домашните набљудувачи досега се пријавени 32 набљудувачи од Сојузџот на организациите на жените на Македонија и 57 набљудувачи од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија. Од странските набљудувачи има од неколку организации: од ОБСЕ 471 набљудувач, од Мисијата на ЕУ во Македонија 52 набљудувачи и 47 преведувачи, од делегацијата на парламентарното собрание на Советот на Европа седум набљудувачи, од британскиот хелсинѓки комитет тројца набљудувачи, како и од регионалниот центар на пактот за стабилност со седиште во Хрватска пет набљудувачи.“

Ова значи дека до 24 часот ОБСЕ и ОДИХИР треба да ги пријават останатите набљудувачи со што би се комплетирал бројот од вкупно 750 до 800 набљудувачи кои се превидени да ги следат изборите на 15 септември.

Портпаролот на ОДИХР Јенц Ешенбахер за Слободна Европа изјави:

„До вчера имавме акредитирано 300 набљудувачи додека вчера доставивме нови барања до ДИК за акредитација на нови 400-ни набљудувачи, а денеска ќе доставиме акредитации за околу 80 до 90, што значи вкупниот број на набљудувачи ќе изнесува некаде 800-ни,“

изјави Ешенбахер.

Државната Изборна Комисија вчера усвои и две упаства, како ќе гласаат болните и изнемоштение граѓани и кои документи ќе се сметаат за важечки со кои ќе се легитимираат гласачите Болните најдоцна три дена пред иборите требаа да се пријават до општинските изборни единици дека не се во состојба да стигнат до избирачкото место при што еден ден пред изборите тоа права ќе им се овозможи да го искористат во своите домови.

Членовите на ДИК ги разгледуваат можностите за надминување на сите проблеми со кои се соочуваат регионалните изборни единици, кои се најмногу изразени во шестата изборна единица која го опфаќа Тетовско – Гостиварскиот регион каде што условите за одржување на изборите засега не се на потребното ниво.
XS
SM
MD
LG