Достапни линкови

Централна Европа: Можна еколошка катастрофа во Чешка и Германија


Поплавите што во последниве две недели ја погодија централна Европа во Германија и во Чешка се закануваат и со еколошка катастрофа. Имено поради излевањето на реката Елба во градот Нератовице во Чешка дојде до истекување на хлор поради што властите објавија трет степен на хемиска опасност. Катастрофа му се заканува и на градот Битерфелд северно од Дрезден во германија бидејќи се страхува од попуштање на браната која од водите на реката Елба ја заштитува хемиската индустрија. Поради поплавата во Дрезден се евакуирани 30 илјади луѓе, а во главниот град на Словачка – Братислава денеска се очекува кулминација на нивото на реката Дунав.
XS
SM
MD
LG