Достапни линкови

logo-print

ОН: Бликс може да оди во Ирак само на практичен договор


Генералниот секретар Кофи Анан го извести Ирак дека шефот на инспекторската мисија за разоружување Ханс Бликс може да оди во Багдад на разговори само доколку тие се однесуваат на практичен договор за враќање на мисијата. Ирак имено инсистира на разговори за заедничка проценка на она што останало од нуклеарното, хемиско и биолошко оружје. Меѓутоа според Обединетите нации проценката не е можна додека инспекторите не се вратат во земјата за да проверат што се случило откако го напуштија Ирак 1998 година.
XS
SM
MD
LG