Достапни линкови

Формирана канцеларија за промоција на надворешната политика


Соединетите Американски Држави ќе формираат посебна канцеларија која ќе работи врз промоцијата на надворешната политика и за афирмација на нејзините цели.Аналитичарите оценуваат дека покрај ова се потребни и одредени измени во надворешната политика на американската администрација .

Америка има проблеми со својот имиџ во светот. Тој се присутен не само во исламските земји туку и кај американските најблиски сојузници – се вели во последниот извештај на Советот за надворешни односи. Оттаму и барањето за итна дипломатска офанзива која ќе работи на подобрување на сликата за Соединетите Американски Држави. Белата куќа за таа цел најави формирање канцеларија специјално посветена на таа задача, но прашањето е може ли светската сила да го смени јавното мислење за себе, а при тоа да не смени ништо во својата политика – што во крајна линија е и извор на лошиот имиџ на земјата.Повеќето аналитичари се согласуваат дека подоброто објаснување на американската политика и нејзините цели би можело да помогне во решавањето на проблемот, но потребно е и нешто повеќе од тоа. Стивен Брукс, професор на Дартмунд колеџот тврди дека главното гориво на тероризмот е сиромаштијата и недостатокот на економски и политички можности. Затоа Вашингтон би требало да прави повеќе, вклучувајќи го и отворањето на својот пазар, за да им помогне на сиромашните земји. Тој се прашува зошто САД речиси секогаш се на дното на листата донатори на странска помош

„Соединетите Американски Држави би требало барем да бидат на средината на таа листа. Тогаш никој во неразвиените земји не би можел да каже – сиромашни сме затоа што САД се скржави.“

Со зголемувањето на помошта, смета Брукс не само што ќе им се помогне на луѓето, туку и ќе се подобри сликата за Америка за која сега се вели дека делува на своја рака штитејќи ги само своите интереси. Токму ова е клучно за негативниот имиџ на Америка во европските земји вели професорот Вилијам Волфорд посочувајќи ја заканата на САД дека ќе ги повлече своите мировници од Босна доколку нејзините војници не бида изземени од надлежностите на Меѓународниот кривичен суд или одбивањето на договорот од Кјото за глобалното затоплување

„Критичарите се во право. Соединетите Американски држави мораат да соработуваат со другите сили околу вакви прашања.“

Анти-американското расположение е осоебно присутно во муслиманскиот свет. Аналитичарите велат главната причина за тоа е подршката на Вашинготн на политиката на Аријел Шарон во израелско-палестинскиот конфликт. Тие препорачуваат балансиран пристап и решавањето на проблемите како што е оној во Ирак со долгорочна политика така што потребата од воена интервенција ретко или речиси никогаш нема да се појави.
XS
SM
MD
LG