Достапни линкови

Шејлаф Руман, директор на Националниот демократски институт за Македонија. Цел на кодексот е да нема насилство на изборите


Предложивте кодекс за фер и демократски избори. Кои основни начела ги содржи тој?

Главната компонента на кодексот е многу едноставна. Партиите што го потпишаа се заложија да ги почитуваат гласачите, граѓаните и нивните политички противници. Кодексот посочува многу специфични начини како да се прави тоа. Но, автоматски целта на кодексот е многу едноставна, а тоа е да нема насилство за време на предизборната кампања и на денот на одржувањето на изборите.

Очекувате ли политичките партии потписнички на кодексот да се придржуваат кон него?

22 партии го потпишаа кодексот, но во последниве денови уште неколку помали партии го сторија тоа откако го објавивме. Нивниот број сега е 27 или 28. Мислам дека фактот што претседателите на партиите го потпишаа кодексот е признание за народот во Македонија дека тие ќе го почитуваат истиот за време на изборите. Сега мислам дека зависи од граѓаните и од партиите за да се осигураме дека кодексот се почитува. Потпишувањето на кодексот е само прв чекор. Втор е граѓаните да бидат свесни што има во кодексот и кои партии го потпишале. Ние ќе работиме со граѓанската асоцијација „Мост“ за да се осигураме дека граѓаните се свесни што има во него.

Што доколку некоја од партиите потписнички не се придржува кон него?

Кодексот не е правен документ. Тоа е повеќе политичка изјава дадена од политичките партии дека тие ќе се однесуваат според демократските правила во текот на изборите. Казната за партијата што нема да го почитува ќе дојде од гласачите бидејќи тие дале јавна изјава дека ќе ги почитуваат демократските принципи и ако го прекршат зборот ќе ги најде казна на денот на гласањето. Затоа мислам дека е многу важно граѓаните да знаат за кодексот и кој го потпишал за да им помогне да се решат за кого ќе го дадат својот глас.

Сметате ли дека чинот на потпишување на кодексот од страна на политичките лидери ќе придонесе изборниот процес да помине во демократска атмосфера?

Мислам дека тоа може да биде. Кога политичарите ќе се обврзат многу е важно тоа да го спроведуваат сериозно. Она што е подеднакво важно е тоа што граѓаните треба да се обидуваат да следат, односно да набљудуваат дали се спроведува тоа што е потпишано. Сега останува на граѓаните да видат дали партиите се одговорни за тоа што се обврзале.
XS
SM
MD
LG