Достапни линкови

Можно е да нема нови НАТО сили за обезбедување на ОБСЕ


Можно е да нема дополнителни сили на НАТО што ќе ги обезбедуваат набљудувачите на ОБСЕ, зошто Македонија е сигурна земја и е во сигурни раце на безбедносните сили. НАТО нема опертаивна улога во изборите, изјави по средбата со претседателот Борис Трајковски, амабасадорот на НАТО, Николас Бигман, но тој сепак посочи дека сеуште има простор за ангажирање на дополнителен број на војници, односно дека тие очекуваат одговор од македонските власти.

„Не зборувавме за модалитетите воопшто. НАТО нема да се ангажира ништо повеќе од ова што го прави во моментов, односно и силите кои се веќе во земјава ќе им обезбедат сигурност на мониторите на ОБСЕ. НАТО е веќе на теренот и ќе остане таму за време на изборите“

Дипломатски извори велат дека во случај да се донесе одлука да има дополнителен број на НАТО војници нивниот број ќе биде околу 40, а тие ќе дојдат во земјава од контингентот на алијансата во Косово. Тие појаснуваат дека војниците ќе бидат сместени во штабовите на Килибарните лисици и ќе реагираат само во случај на инцидент, а ќе работат во мали тимови од околу пет луѓе.

На средбата кај шефот на државава присуствуваше и амбасадорот на ОБСЕ, Крег Џенес чија мисија ќе ги набљудува изборите. Тој рече дека е разговарано за подготовките на набљудувачката мисија на Каснцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ.

„Се согласивме како и секигаш дека примарната улогата за безбедност на мониторите има полицијата и министерството за внатрешни работи. Ние имаме доверба во полицијата, а таа има во предвид дека во одредени ситуцаии може да се вклучи и НАТО.“
XS
SM
MD
LG