Достапни линкови

Старт следната академска година


Европскиот универзитет што е во основање до Министерството за образование поднесе барање за акредитација и очекува дека од следната академска година ќе почне настават за тие што сакаат да студираат на факултетот за општествени науки со кој ке започне работата на универзитеетот. Предвидени се три насоки – за правни и економски науки и насока за политички науки со менаџмент.

Се планира во почеток да бидат запишани 600 редовни и 200 вонредни студенти кои за школувањето ќе треба да платат 1500 евра. Европскиот универзитет според ректорот акдемик Александата Мирчев ќе одбегнува да влезе во конкурентска битка со државните универзитети бидејки ќе понуди програма што не е застапена ан универзитетите во Скопје и Битола.

„Педесет насто од наставата ќе биде на дистанца, или т.н. учење на дистанца, околу дваесет насто ќе биде класична настава и триесетина проценти практична настава, “ - рече професорот Мирчев

Критериумите за упис на привтниот факултет ке се состојата во полагање тест на информираност и интелигнција, а предуслов за запишување е и познавње на еден од странските јазици бидејќи на факултетот се предвидени прдавања на професори однадвор.

„Ќе имаме и „онлајн“ настава од европски професори, затоа и се вика европски универзитет Скопје, а исто така во преговори сме со наставници од САД и од Руската федерација,“ – објаснува академик Мирчев.

Според ректорот на универзитетот веќе има интерес за префрлање студенти од други соодветни факултети на европскиот.

„Што е најинтересно има пријавување на кандидати кои веќе биле запишани на соодветни факултети во Бугарија и во Грција.“

Универзитетот склучил договор за соработка со неколку факултети за општествени науки од скопскиот универзитет. Па, голем дел од предавачите ќе бидат тамошни професори. Меѓу членовите на матичната комисија на европскиот факултет се и деканите на правниот и на филолошкиот факултет Димитар Бајалџиев и Алекса Поповски.
XS
SM
MD
LG