Достапни линкови

Што следи по апликацијата на Косово за членство во ЕУ?


Kосовскиот премиер Албин Курти и шефицата на ЕК Урсул фон дер Лајен
Kосовскиот премиер Албин Курти и шефицата на ЕК Урсул фон дер Лајен

Откако на Косово повеќе од две децении му се ветува европска перспектива, Приштина одлучи да поднесе барање за полноправно членство во Европската унија. Kосовскиот премиер Албин Курти ја претстави апликацијата во Прага, главниот град на Чешка, која моментално претседава со ЕУ. Подготви Гоце Атанасов.

Ова ќе претставува предизвик за европските политичари, бидејќи одговорот на оваа постапка нема да биде едноставен. Причината за тоа е што Косово како држава не е признаена од сите членки на Унијата, иако има перспектива за членство во европското семејство.

Курти: Косово неделава ќе аплицира за влез во ЕУ

Ќе бидат потребни правно-процедурални маневри со цел ЕУ да се обиде да го одржи ветувањето кон последната земја од Западен Балкан и со тоа формално да ја потврди геостратешката цел.

Иако прогласи независност во 2008 година, државноста на Косово не е призната од Шпанија, Кипар, Грција, Словачка и Романија. Затоа Косово во сите процедури поврзани со Брисел е во посебна позиција.

Мајкл Леј од германскиот Маршалов фонд и поранешен директор за проширување во Европската комисија, наведува дека сега е на Советот на министри на ЕУ да одлучи едногласно дали ќе побара од Комисијата формално да подготви мислење за апликацијата.

Тоа е редовна процедура, која следи откако некоја земја ќе поднесе барање за кандидатски статус. Сепак, предупредува Ли, со оглед на фактот дека има пет земји кои не го признаа Косово, малку е веројатно дека Советот на министри на ЕУ наскоро ќе побара формално мислење од Комисијата.

„За тоа е свесна и Владата на Косово, па не верувам дека по поднесувањето на оваа апликација очекува брз одговор, на пример, за доделување кандидатски статус, како што неодамна и беше доделен на Босна и Херцеговина, а пред тоа да Украина и Молдавија. Мислам дека не го очекува тоа“, посочува Ли за Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Верувам дека геополитички тие укажуваат дека Косово и аспирацијата на земјата кон ЕУ треба да се сфатат сериозно, особено во актуелната геополитичка конфигурација на Европа и не заборавајќи ја ориентацијата на Србија, која неодамна беше доста силно ориентирана кон Русија“, додава Мајкл Ли.

Што следува?

Косово се третира како „потенцијален кандидат“ во сите официјални документи на ЕУ. Сепак, Европскиот договор наведува дека ЕУ се заснова на вредностите на почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права, вклучително и правата на малцинствата.

ЕУ подготви нов предлог за односите меѓу Косово и Србија

Во членот 49 од овој договор се вели дека „секоја европска земја“, која ги почитува овие вредности и се залага за нивно промовирање, може да аплицира за членство во Унијата.

Според редовните процедури, апликацијата за членство на една земја прво се става на маса на земјите-членки на ЕУ, кои потоа бараат од Европската комисија да формулира мислење дали таа земја ги исполнува условите да стане кандидат за полноправно членство.

Мислењето на комисијата, за чија подготовка е потребен период од неколку години, потоа служи како основа за конечната одлука на ЕУ за доделување кандидатски статус на одредена земја.

Според неофицијални извори во Советот на ЕУ, единствената официјална реакција по апликацијата ќе биде дека ЕУ „размислува за патот напред“ по ова прашање. Овие извори потврдуваат дека земјите-членки ќе спроведат внатрешни консултации.

Сите овие процедури ќе му припаднат на шведското претседателство со Унијата, чиј мандат започнува на 1 јануари 2023 година и трае до 31 јули истата година. Тоа е рамка за тоа кога би можеле да се завршат внатрешните консултации и да се постигне консензус за „патот напред“.

По Шведска, претседателството го презема Шпанија, земја која не ја призна независноста на Косово. Затоа, тешко дека ќе се направи некаков чекор во однос на апликацијата за Косово.

Прашањето за консензус спаѓа и во доменот на маневри, бидејќи тоа е толкување меѓу едногласност и консензус. Иако на прв поглед звучи како иста терминологија, сепак постои разлика во процедурите на ЕУ која е суштинска во случајот со Косово.

Имено, едногласна одлука подразбира дека сите земји членки мора да се согласат на одредена одлука за таа да биде донесена.

Дачиќ: Визната либерализација за Косово е лоша порака за Белград

Од друга страна, се смета дека постои консензус доколку ниту една земја не зборува против него, а не е неопходно да се изрази да.

За оние кои се залагаат за продолжување на соодветните процедури за Косово, консензусот е формулата на спасот, бидејќи се смета за успех ако пет држави се убедат да не се изјаснат против, со што ќе се овозможи продолжување на процедурите. За да почне Европската комисија да подготвува мислење, потребен е консензус.

Моделот ССА, можна формула за продолжување на процесот?

Единствениот договорен однос што го има Косово со Унијата е Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА).

Во 2015 година, Косово го потпиша овој договор со Брисел, потпирајќи се на правното мислење на европските експерти, кои заклучија дека Европската комисија може да склучува одредени договори во име на Унијата со ентитети, кои не мора да бидат признати суверени држави.

Во политичкото мислење, кое косовските власти го подготвија за земјите-членки на ЕУ, во предвечерието на апликацијата, како начин да се продолжи во третманот на апликацијата за членство се споменува изводливоста на ССА.

„Примената на формулата што се користи во ССА Косово-ЕУ, која не ја прејудицира позицијата за државноста на петте непризнавачи, го овозможува ова единство во ангажманот“ во оваа променлива геополитичка средина.

Самитот, кој се одржа во Солун во јуни 2003 година, потврди дека вратите на ЕУ се отворени за сите земји од Западен Балкан, вклучително и Косово.

Димитар Бечев од Центарот за европски политики оценува дека Советот на ЕУ ќе најде начин да пристапи кон косовската апликација бидејќи, како што наведува, му треба успешна приказна. Тој наведува и дека може да се најде формулата што се користи при потпишувањето на ССА.

„Дали ќе има правни проблеми со земјите кои не го признаваат Косово - не сум сигурен за тоа. Мојата претпоставка е дека ЕУ ќе го искористи својот правен субјективитет - како што се случи со Договорот за стабилизација и асоцијација. Ова му дава смокви на како Шпанија или Кипар кои би можеле да имаат резервации“, тврди Бечев.

XS
SM
MD
LG