Достапни линкови

Што го прави нуклеарното оружје „тактичко“ или „валкано“?


Силуета на проектили на позадината на знамето на Русија и сонцето.
Силуета на проектили на позадината на знамето на Русија и сонцето.

Од војната во Украина до неодамнешното ракетно тестирање на Северна Кореја, се дебатира за тактичкото нуклеарно оружје на начин невиден од Студената војна. Деновиве зачестија и зборувањата за таканаречена „валкана бомба„ конвенционална боева глава со радиоактивни, биолошки или хемиски материјали.

Не постои универзална дефиниција за тактичко нуклеарно оружје, а аналитичарите забележуваат дека употребата на секаков вид нуклеарна направа би го скршила „нуклеарното табу“ што постои откако САД ги фрлија атомските бомби врз Јапонија во 1945 година, единствениот пат кога тие беа употребени во војна.

Еве ги карактеристиките на тактичкото нуклеарно оружје и зошто тие привлекоа толку големо внимание.

Што е тактичко нуклеарно оружје?

Тактичкото нуклеарно оружје често се карактеризира со неговата големина, опсегот или употребата за ограничени воени цели.

САД: Русија ќе ги сноси последиците доколку употреби валкана или нуклеарна бомба

Тие често се нарекуваат „нестратегиско оружје“, за разлика од стратешкото оружје, кое американската војска го дефинира како дизајнирано да го таргетира „непријателскиот капацитет за војна“, вклучувајќи ги производството, инфраструктурата, транспортните и комуникациските системи и други цели.

Спротивно на тоа, тактичкото оружје е дизајнирано да постигне поограничени и непосредни воени цели за да се добие некоја битка. Терминот често се користи за опишување на оружје со помала количина на моќ што се ослободува за време на експлозија.

Тие обично се многу пати поголеми од конвенционалните бомби, предизвикуваат радиоактивно зрачење и други смртоносни ефекти надвор од самата експлозија, но не постои договорена големина што го дефинира тактичкото оружје.

Тактичкото оружје често се проектили, бомби фрлени од воздух, па дури и артилериски гранати кои имаат релативно мал дострел, многу помал од огромните интерконтинентални балистички ракети (ICBM) дизајнирани да прелетуваат илјадници километри и да напаѓаат цели преку океаните.

Сепак, многу од овие системи за испорака можат да испорачаат и стратешко нуклеарно оружје.

Кој го има?

Многу од светските нуклеарни сили имаат оружја што се сметаат за ниски или наменети да се користат на бојното поле.

Лукашенко: не ја туркајте нуклеарно вооружената Русија во ќош

Според мартовскиот извештај на американската Конгресна служба за истражување (ЦРС), Соединетите држави имаат приближно 230 нестратегиски нуклеарни оружја, вклучително и околу 100 бомби Б61 распоредени со авиони во Европа.

Во 2018 година, администрацијата на Трамп ги објави плановите за нова боева глава со ниска издашност за балистички ракети со подморница (SLBM) и нова крстосувачка ракета со нестратешки нуклеарен врв.

Русија во својот арсенал има од 1.000 до 2.000 боеви глави за нестратешко нуклеарно оружје, се вели во извештајот на ЦРС.

Северна Кореја оваа недела соопшти дека нејзините неодамнешни ракетни тестови биле дизајнирани да симулираат напад врз Јужна Кореја со тактичко нуклеарно оружје.

Експертите веруваат дека ако Северна Кореја продолжи со нуклеарно тестирање, тоа би можело да вклучи развој на помали боеви глави наменети за употреба на бојното поле.

Дали ќе се употреби?

Претседателот Владимир Путин, кој владее со најголемата нуклеарна сила во светот, постојано го предупредува Западот дека секој напад врз Русија може да предизвика нуклеарен одговор.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се сомнева оти Путин ќе употреби нуклеарно оружје, а аналитичарите велат дека тактичкото оружје може да има ограничена воена употреба на огромните и дисперзирани боишта во Украина.

Претходно Бајден истакна дека употребата дури и на мало нуклеарно оружје може да излезе од контрола.

Полска е за конвенционален напад на НАТО доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина

„Мислам дека не постои такво нешто како способност лесно (да се користи) тактичко нуклеарно оружје и да не се заврши со Армагедон“, рече тој во минатата недела.

Во меѓувреме, потрагата по оружје од Северна Кореја може да претставува опасна промена во начинот на кој Северна Кореја распоредува и планира да користи нуклеарно оружје, велат аналитичарите.

Тоа, исто така, поттикна обнова на дебата во Јужна Кореја за повторно распоредување на американското тактичко нуклеарно оружје, кое беше повлечено од полуостровот во 1990-тите, или за спроведување на сопствената нуклеарна програма. Северна Кореја вели дека нејзиното нуклеарно оружје е за самоодбрана.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG