Достапни линкови

Славески - Новиот владин тим тешко ќе се носи со проблемите поради тешкото наследство на Заев


Славески - Буџетот е како дупната вреќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:29 0:00

Славески - Буџетот е како дупната вреќа

Се наоѓаме во тежок период, тешко наследство остава претходната влада на чело со господинот Заев, многу нерешени прашања, до максимум зголемена поларизација во општеството, меѓу граѓаните, политичките субјекти, неснаоѓање како одговор на кризите- здравствената, енергетската криза и слично. Така што постојат објективни причини, со спортски жаргон речено, еден вака неуигран тим да се носи со тие проблеми, а од друга страна виси и легитимитетот, вели во неделното интервју на РСЕ професор Трајко Славески, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Професор Славески, од неодамна имаме нова функција, Вие сте претседател на Советот на Град Скопје. Видовме деновиве градоначалничката Арсовска веќе почна со смени на директори на јавни претпријатија, го укина теренот за БРТ итн. Гледате во овие постапки политички реваншизам?

На втората седница, а таа беше првата со која јас раководев, на дневен ред имаше повеќе извештаи за деветмесечното работење на јавните претпријатија, се поведе дискусија за секој извештај поодделно и имаше многу сериозни забелешки од она што имаше презентирано во извештаите од страна на повеќе советници и со гласање и извештаите не беа прифатени. Меѓу другите, тогаш не беше разгледуван стигна покасно извештајот за финансиското работење на јавното сообраќајно претпријатие, тој е за седницата што е закажана за подоцна овој месец на 29. 12. Неприфаќањето на извештаите и укажувањето на сериозни пропусти во работењето е некој сигнал за градоначалникот. Нејзино дискрециско право е да врши промени на тие места и мислам дека нема политика и најверојатно, прифатено е тоа во политиката, дека кога некој презема одговорност, меѓу другото и за работењето и функционирањето на градот преку овие служби, работата на јавните претпријатија, се разбира треба да формира такви тимови кои ќе ги следат политиките и приоритетите на градоначалникот, оттука мислам дека нема политика.

Во најава е формирањето на нова Влада, во неа влезе и доскорешната опозициска партија Алтернатива. Кои се вашите лични очекувања од новиот владин кабинет?

Морам да бидам искрен, немам некои позначајни очекувања. Се наоѓаме во тежок период, тешко наследство остава претходната влада на чело со господинот Заев, многу нерешени прашања, до максимум зголемена поларизација во општеството, меѓу граѓаните, политичките субјекти, неснаоѓање како одговор на кризите- здравствената, енергетската криза и слично. Така што постојат објективни причини, со спортски жаргон речено, еден вака неуигран тим да се носи со тие проблеми, а од друга страна виси и легитимитетот. Она што го видовме на локалните избори потврди дека мнозинството граѓани не се согласуваат по политиките и на локално и на централно ниво на сегашната композиција на владата, без разлика дали кон неа се приклучила некоја помала партија за да го зачува мнозинството. И мислам дека тој јавен притисок за нерешени проблеми постојано ќе се зголемува во јавноста и ќе биде најдобро решение да се одржат предвремени парламентарни избори во текот на 2022.

Професоре Славески Буџетот е веќе донесен откако беа прифатени и некои амандмани од страна на опозицијата. Дали сте задоволен од усвоената верзија на Буџетот или сепак предвидувате негов ребаланс?

Кај Буџетот ние укажуваме на ризиците. Буџетот, особено на расходната страна, тие 4, 4 милијарди евра, досега највисок буџет се навистина нешто што е во дополнително со висок проектиран буџетски дефицит и во овој буџет, влијае или притиска на зголемување на јавниот долг. Факт е дека за кратко време, односно она што не е направено досега. Факт е дека за кратко време, односно она што не е направено досега, зголемување на капацитетот на институциите за реализација на капиталните инвестиции ќе продолжи и во иднина, не може да се очекува тука некое подобрување и нереализираните средства од капиталните инвестиции повторно ќе се трошат за тековни расходи, тоа е еден од ризиците. А второ ризик е како ќе поминеме со новиот бран на пандемијата. Се уште се вршат испитувања, студии, како тоа ќе се одрази на здравствените системи, производствената активност итн. А најголем ризичен фактор, она што јас би рекол дека некако буџетот е како дупната вреќа во моментов и за оваа година, а ќе биде и за следната година, е изгубената контрола врз расходите, што произлегуваат од енергетската криза. Ние сега користиме, и домаќинствата и дел од претпријатијата електрична енергија по цени коишто се далеку, далеку од она што се пазарните цени, домашното производство кое што може да биде со пониски трошоци и да обезбеди пониска цена и за граѓаните и за компаниите е сведено на минимум досега од осамостојувањето и ние се принудени да купуваме на дневна основа скапа електрична енергија, а тоа се надоместува од државниот буџет и од тука велам секој министер за финансии треба да се плаши кога нема контрола над буџетот.

Поскапувањата се веќе тука, зголемени се цените на храната, а покрај тоа се најавува зголемување на цената на струјата по Нова година. Владата ги замрзна цените на одредени продукти, меѓутоа дали сметате дека тоа ќе биде доволно за да се ублажи ударот врз животниот стандард.

Не во никој случај. Слушнавме и од стопанството, од компаниите дека ова е една популистичка мерка, која нема да повлијае на заштита на животниот стандард. Затоа што кога го пригушувате стандардот, особено кога се работи за отстапување на она што се трошоци за производство или набавка, знаеме ние дека во нашата дневна палета на производи што ги користиме, користиме значителен обем на производи кои што се од увоз, тука ние не можеме да влијаеме. Реперкусиите ќе се или недостаток на некои артикли на пазарот со замрзнати цени, сива економија и слично. Ова е една непазарна мерка која треба што побрзо да се напушти, да се влијае на факторите, кои придонеле до таков дисбаланс, до таква дестабилизација. Само да потсетам ние во 2007-2008 година имавме слична ситуација со цените на енергијата. Да потсетам, нафтата во јули 2008 година достигна цена од 142 долари за барел, сега не е повисока од 75-80 долари беше највисоката и после се симна. Имавме драматичен пораст на цените на житарките на светските пазари. Не замрзнавме цени, тоа е едно добро менаџирање на состојбите, инфлацијата се покажа од времен карактер и цените се смирија за само неколку месеци. Мислам дека лошо се менаџира. Сега во интерес на вистината да кажам дека барем до сега овој раст на цените што го имавме не се должи на зголемените цени во тој обем на енергенсите, на електричната енергија, затоа што тоа допрва доаѓа, затоа што се најдовме во една незгодна ситуација да набавуваме на дневна основа електрична енергија по највисоки цени и тоа нормално во иднина, со извесно задоцнување ќе има негативен ефект на растот на цените. Од друга страна на растот на цените, тоа мора да го признаеме влијаат и некои мерки кои што беа неопходно во минатото. Минатата година ние имавме значителен пад од над пет проценти на Бруто домашниот производ, рецисија во четири квартали, а со задолжување од надвор се поддржуваа доходите на одредени социјални групи, се делеа плати или субвенции на претпријатијата и таа куповна моќ, сега соочена со помало производство, нормално притиска на цените.

Целото интервју со професор Трајко Славески можете да го погледнете во видео снимката на почетокто на тексто.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG