Достапни линкови

Кога нема учебници се кршат детските права


Бајрамовска - Мустафа: Јанкулоска поднесе две претставки за третманот во Идризово
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:54 0:00

Бајрамовска - Мустафа: Јанкулоска поднесе две претставки за третманот во Идризово

Неможноста некое дете да следни настава или да подготви одговор, да се надоградува со знаење во училиште со помош на учебно помагало претставува сериозна повреда на правата на детето, вели советничката на Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

Условна казна доби струшкиот лекар што извади матка на пациентка, потоа на жена од Тетово и ги извадија градите и потоа се утврди дека таа немала рак и не требало да се направи таква интервенција, неодамна почина жена во Прилеп при рутинска гинеколошка интервенција. Ова го отвора прашањето за неказнивоста на лекарската грешка и бавната правда што ја добиваат пациентите, а се жртва на лекарска грешка.

Ваквите случи ги следиме од аспект на постапувањето на надлежните медицински, здравствени работници, односно почитувањето на протоколите, преземањето на соодветните мерки, колку третманите или здравствените услуги што се дадени се навремено соодветни. Но ние тука немаме директна надлежност, затоа ги вклучуваме надлежните инспекциски органи – Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарската комора во чија надлежност е оценувањето на стручноста на постапувањето на лекарите во конкретниот случај, па дури и вклучување на Министерството за здравство преку формирање на посебни комисии кои целосно и детални би требало да ги испитуваат постапувањата, и секако би требало доколку навистина се потврдат вакви пропусти во лекувањето, нестручни лекувања итн., од страна на надлежните органи, правдата да биде брза, граѓаните да бидат задоволени, бидејќи не може никој да врати изваден орган по грешка или поради несоодветен третман, како што велат граѓаните. Не може да се оправда неказнивост и оправдан е револтот на граѓаните во ваквите случаи поради доцното или бавното стигнување до правдата.

Во тој контекст, колку што задоволни од соработката со институциите по вашите укажувања, конкретно од здравствените институции, каде што се упатиле одредени укажувања и сте постапиле по одредени предмети.

Нашата забелешка во однос на постапувањето, особено во делот на сектор здравство е дека многу бавно стигнуваат одговорите. Принудени сме во определени случаи да пуштаме повеќе пати ургенции или да известуваме директно во кабинетот на министерот за здравство за непостапување, иако по закон за Народен правобранител, непочитувањето на роковите за доставување на одговор претставува попречување на работата на Народниот правобранител, а на тој начин и попречување на состојбата во делот на постои или не постои повреда на определено човеково право, зашто сме принудени и многу често го користиме институтот или алатката за доставување на посебни извештаи до владата.

Вие се занимавате со правата на децата. Годинава најголем дел од претставките се однесуваат на нив. За што сте најмногу загрижени во овој сектор?

Повреди на правата на децата има во сите области поврзани со правата на децата, значи скоро секое право утврдено од Конвенцијата за правата на детето, што ги следиме самоиницијативно или по поднесена претставка од граѓанин, вклучително и самите деца, укажува на податокот дека многу лесно и начесто се повредуваат правата на децата. Она што нас не загрижува е несериозноста или недоволната посветеност на органите за почитување на основните принципи во постапувањето, бидејќи она што е основно кога станува збор за децата е дека државата презеде обврски преку своите органи со ратификација на Конвенцијата за правата на правата на детето, која што годинава ќе наврши 30 години од ратификацијата и принципот најдобар интерес на детето да биде водечки интерес. Она како државата дава одговор како решение на проблемите со кои се соочуваат децата не сме задоволни, сметаме дека треба многу посериозно, поконтинуирано и многу со поголемо чувство, поголема сензитивност да се пристапи за ефикасно, квалитетно решавање на проблемот со кој се соочуваат децата.

Дали е прекршување на детското право на образование тоа што недостасуваат учебници, а ќе заврши учебната година, а голема група на деца во основното и средното образование се уште немаат учебници.

Дефинитивно. Неможноста некое дете да следни настава или да подготви одговор, да се надоградува со знаење во училиште со помош на учебно помагало претставува сериозна повреда на правата на детето, без разлика дали се работи за осново образование, или средно образование, и тука нема дилема дека законот за учебници е доволно јасен и тоа претставува основно средство за едукација на децата и секое дете со почетокот на учебната година треба да биде обезбедено со потребните учебници.

Затвореничките во Идризово се жалат на системска полова дискриминација, дека на нив не им се дозволува ниту слободни викенди, ниту работни ангажмани. Дали поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се обратила до вас со претставка за овие проблеми во затворот Идризово.

Да, имаме претставка преку нејзиниот полномошник. Има две претставки до институцијата Народен правобранител, во делот на неможноста за користење погодности и во делот на непостапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по нивното барање за дискриминација кон подносителката на претставката. Претставите се во тек, во меѓувреме ние упативме допис до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за почитање на законскиот рок за донесување мислење по поднесеното барање и деновиве веќе Комисијата го донесе мислењето, додека постапката во однос на погодностите во затворите е во тек во секторот на казнено -поправни установи што се води во Народниот правобранител.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG