Првиот човек на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска уверува дека се е подготвено за непречено одвивање на прогресивното оданочување, кое ќе опфати 38 000 лица во земјава.
Десет илјади лица остваруваат плата повисока од 90 илјади денари, а 38 илјади лица ќе бидат опфатени во рамки на прогресивното оданочување, вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Одолговлекување на истрагата предизвикува зголемена недоверба на граѓаните во системот и покажува дека повторно се поттикнува онаа политика на неказнивост, вели Зоран Нечев од Институтот за демократија.
Помирувањето не може да се постигне без искрени преговори меѓу партиите, но тоа не треба да стане реципрочна амнестија меѓу мафијаши, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Најмногу затајување во реформската агенда има во правосудството и во департизација на администрацијата, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на РСЕ. Тој се сомнева дека има нова партизација на администрацијата.
Не мислев дека Никола Груевски ќе се оддалечи од државата, но тој ги знае причините за неговата одлука, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Алекасандар Дединец, научен соработник за енергетика и животна средина во МАНУ, вели дека парите од еколошките такси кои ги плаќаат граѓаните треба да им се вратат за набавка на пофикасни возила. Според неговите укажувања, потребно e итно да се имплементираат мерките против загадувањето.
Ние ги поттикнуваме двете страни, владата и опозицијата, конструктивно да се вклучат во Парламентот, да постигнат консензус и да го продолжат процесот во поглед на уставните измени, вели британската амбасадорка во Македонија Рејчел Галовеј.
Не се амбицираме дека од утре Македонија ќе ја направиме европска, туку ако секој нареден ден ни е подобар од претходниот, во смисла на конкретни резултати, ние имаме добар тренд на трансформација на државата, вели вицепремиерот Бујар Османи за РСЕ.
Координаторот на комитетот со Грција Виктор Габер вели дека во наредниот период една од темите на дискусии со грчката страна ќе биде и во врска со тоа -Што значи иредентизам.Тој вели дека антиката нема да се вади од учебниците, но оти проблемот е во формулациите.
Во изминатите 10 години има поволни тенденции во делот на штедењето, независно од кризите и шоковите со кои се соочува економијата. Со слична динамика се движи и задолжувањето на граѓаните со кредити, вели гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска - Бежоска.
Вчитај повеќе