На хартија актерите ги имаат сите права и се поделени во четири категории додека плата земаат како да се две категории, вели во неделното интервју за РСЕ актерката и директорка на Театарот за деца и младинци Катарина Илиевска - Силјановска.
Илузорна е приказната дека ако пропадне референдумот и ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, некој на нив ќе им даде подобар договор за името, вели основачот на партијата, Љубчо Георгиевски.
За секое прашање мислат дека МАНУ треба да има став, па МАНУ не е политичка партија, МАНУ е врвна научна и уметничка институција. Не мора да се постигне едногласие за кое било прашање, дури и за најтешките, вели академик Таки Фити.
Не би било коректно да кажам дека нема предизвици во образованието, а дел од проблемите со кои се сочуваме подолг период како држава се и од финансиски карактер, вели министерот за образование и наука Арбeр Адеми, коментирајќи ги проблемите кои го одбележаа почетокот на училишната година.
Професорот по политички науки и меѓународни односи и декан на факултетот Епока во Тирана, Лисен Башкурти во интервју за РСЕ вели дека Албанија и Македонија немаат друга агенда освен членството во ЕУ.
Сите оние кои се дел од тој процес имаат за задача на граѓаните наједноставно и најпрецизно да ги информираат за сите аргументи зошто би требало да гласаат за или против и адекватно на тоа граѓаните информирано да излезат и да гласаат според сопствено убедување, вели Дарко Алексов.
Очекувам раст над 3 насто до крајот на годината. вели во неделното интервју за РСЕ вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Според него, при инвестирањето во гасоводот, кој ќе минува низ Водно
Евроамбасадорот Самуел Жбогар апелира дека следните недели и месеци ќе бидат круцијални за иднината на земјата. Според него евроатланската иднина е најдобрата гаранција за идентитетот, јазикот, просперитетот и стабилноста на државата и нацијата.
Бугарија и Македонија имаа заедничка историја, но имаат и преплетена историја, вели историчарот Петар Тодоров, член на македонско-бугарската комисија за историски прашања.
Тврдам дека бројката на гласачи во Избирачкиот список е реална, а целата забуна во изминатите години настана веројатно од некои други политички причини, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
По зафатот со вградување вештачко срце доктор Николиќ очекува во Македонија да заживее и трансплантацијата на срце.
Секогаш ми беше поважно да се измерам со светот заради критериумите. Светот има многу повисоки критериуми и натпреварот е посилен, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа ликовниот уметник Сергеј Андреевски.
Вчитај повеќе