Рускиот претседател Владимир Путин, со години наназад се претставува како принципиелен и политичар кој ги исполнува дадените ветувања. Но, децидните ставови на Путин, по повеќе клучни прашања, со тек на времето, се покажаа како неточни.
Се нарекува Пазарот Буш, според американскиот претседател кој ги испрати американските воени сили во Авганистан во 2001.
Отпад во езерото, платформи над водата. Багери и градби до плажите. Сето ова го регистрираше камерата на Слободна Европа, а тоа се дел од причините поради кои УНЕСКО препорачува Охрид да биде ставен на Листата загрозени светски вредности.
Србија лани набави кинески воени дронови. На промоцијата, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не може да каже колку ги платиле, бидејќи тоа било воена тајна. РСЕ откри, набавката чини 19,3 милиони долари.
Млади луѓе добиваат затворски казни и за мал отпор против режимот. За поставување знаме на опозицијата на прозорец, можна казна од 7 години затвор. За коментар на социјални мрежи, принудна работа од две години.
Преговорите меѓу авганистанската влада и талибанците се во прекин поради серијата бомбашки напади и насилства од екстремисти. Но, поранешни авганистански војници и талибански борци сеуште се надеваат на мировен договор.
Во една кафеана во Крагуевац беше организирано вакцинирање против Ковид 19, а оние што се вакцинираа, добија бесплатен ручек.
Кога почнаа да се појавуваат уметнички дела на ѕидови на објекти во главниот град на Узбекистан, Ташкент, почнаа да се шират фотографии по социјалните мрежи, а анонимниот автор го нарекоа „Узбекистанскиот Банкси“, според познатиот уличен уметник од Англија.
Муклиса Кадамбаева, 19 годишна девојка од Узбекистан, била најдена мртва откако нејзините родители велат дека била малтретирана од семејството на нејзиниот сопруг.
Скролај, бустирај, шерувај се само дел од изразите кои ги донесе новиот интернет јазик базиран претежно на англицизмот. Што велат младите и експертите - дали со тоа е загрозен македонскиот литературен јазик?
Радиото Женски тон, локална радио станица во југозападен Авганистан, стартуваше на Денот на жената. Во период на постојано насилство врз новинари во земјата, десет жени вработени во радиото ги користат своите радио емисии за да промовираат мир и женски права.
Во Украина има вакцини против Ковид 19, но дури и меѓу медицинскиот персонал има слаб интерес за вакцинирање. Војниците, пак, на фронтот во источна Украина, имаат други поголеми грижи.
Вчитај повеќе