Поради растечкиот број на новоинфицирани од Ковид 19, Москва и некои други локални влади, донесоа одлука за задолжителна вакцинација на вработените во повеќе сектори. Многумина одбиваат да се вакцинираат, па добиваат отказ од работа.
Во последниве два месеца околу 1500 мигранти влегле илегално во Литванија од Белорусија, што е 20 пати повеќе во однос на целата 2020-та година. Литванија оцени дека Белорусија намерно пропушта мигранти за да врши притисок врз ЕУ.
Во јужниот авганистански град Кандахар се водат борби меѓу талибанците и владините сили. Има десетици загинати и стотици ранети. Талибанците завзеле домови во предградието, а цивили се принудени да бегаат од градот.
Грузијската полиција го одзеде телото на починатиот камерман, кој беше повреден на 5-ти јули.
Со историја од речиси еден век, стадионот Вембли во Лондон, ќе биде домаќин на финалето на Европското првенство во фудбал 2020. Пред 60 години се лизгало на мраз и се тркале коњи, а в недела за пехарот ќе се борат Англија и Италија. Ова е кратка сторија за долгата историја на спортскиот храм Вембли.
Рускиот претседател Владимир Путин, со години наназад се претставува како принципиелен и политичар кој ги исполнува дадените ветувања. Но, децидните ставови на Путин, по повеќе клучни прашања, со тек на времето, се покажаа како неточни.
Се нарекува Пазарот Буш, според американскиот претседател кој ги испрати американските воени сили во Авганистан во 2001.
Отпад во езерото, платформи над водата. Багери и градби до плажите. Сето ова го регистрираше камерата на Слободна Европа, а тоа се дел од причините поради кои УНЕСКО препорачува Охрид да биде ставен на Листата загрозени светски вредности.
Србија лани набави кинески воени дронови. На промоцијата, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не може да каже колку ги платиле, бидејќи тоа било воена тајна. РСЕ откри, набавката чини 19,3 милиони долари.
Млади луѓе добиваат затворски казни и за мал отпор против режимот. За поставување знаме на опозицијата на прозорец, можна казна од 7 години затвор. За коментар на социјални мрежи, принудна работа од две години.
Преговорите меѓу авганистанската влада и талибанците се во прекин поради серијата бомбашки напади и насилства од екстремисти. Но, поранешни авганистански војници и талибански борци сеуште се надеваат на мировен договор.
Во една кафеана во Крагуевац беше организирано вакцинирање против Ковид 19, а оние што се вакцинираа, добија бесплатен ручек.
Вчитај повеќе