Изработувањето керамика во Косив, западна Украина, е традиција три века. Со оваа техника се занимаваат Хуцулите кои живеат во овој дел од земјата. Уметниците велат дека уникатниот стил доаѓа од „плачот“ на керамиката во печките. Сега имаат и признание од УНЕСКО за светското културно наследство.
Екстремно ниските температури во рускиот регион Јакутија во Сибир значат едно - за време на долгите зими тука остануваат само фармерите кои чуваат коњи и нивните семејства. Но и покрај тоа, жителите на селото Тумул сè уште ги негуват древните традиции и покрај намалувањето на популацијата.
Икони со Исус и други светци насликани со спреј ги красат мостовите и подземните премини во Москва. Овие графити се дело на уметникот Александр Ципков и неговите пријатели. Тие сметаат дека религиозната уметност треба да биде достапна за сите, а не само за оние кои одат в црква.
Пред 12 години, рускиот претседател Владимир Путин ја претстави неговата стратегија за развој на Русија до 2020 година. На почетокот на оваа година, анализираме дали земјата ги достигна Путиновите ветувања за побогата и послободна Русија.
Новиот Cybertruck на Тесла веќе е на улиците на Москва. Но, не оној електричниот, со прозорци кои наводно не се кршат, туку стара Лада само во ново руво. Љубителот на автомобили Александр Трубников не крие дека под овој метален оклоп, кој наликува како да е од иднината, се крие руската Лада.
Стотина свештеници и верници на Српската православна црква протестираа во Подгорица против предлог законот за слобода на религијата. Парламентот на Црна Гора деновиве треба да го усвои законот, според кој, целиот имот на црквата кој бил државен до 1918-та, се враќа во државна сосптвеност.
Нова статуа на рускиот претседател Владимир Путин е поставена пред скијачки центар во Киргистан, недалеку од главниот град Бишкек. Ја постави локален бизнисмен кој добил кредит од рускиот фонд за развој. Опозициони политичари го критикуваа ваквиот потег.
Во сезоната 2019-2020 се очекуваат околу 78 илјади туристи на Антарктикот. Тоа е пораст од 40 проценти во споредба со минатата сезона. Љубопитни посетители од целиот свет сакаат да го видат „нежниот“ екосистем кој е на раб на уништување. Но, нивната посета може да го забрза овој процес.
Во Техеран и во 100 други градови низ Иран, неколку дена се одржуваат протести против драстичното зголемување на цената на бензинот. Во насилствата, според владата, има најмалку 6 мртви, но се страхува дека нивниот број е многу поголем.
Иста шема. Кинески кредити за крупни инфраструктурни проекти, кои ги градат кинески компании, а потоа долгот се трансформира во друг вид бенефит за Кина.
Олех Лиашко, екс украински пратеник, има долга историја на инциденти. Во најновиот, од овој месец, на аеродромот во Киев, нападна соработник на украинскиот претседател Зелински, а видеото го постира на Фесбук.
Локални жители во Црна Гора покренаа тужба против кинеската компанија која гради автопат, за уништување на нивната околина. Загриженост од штетни последици врз реката тара, искажа и УНЕСКО.
Вчитај повеќе