Видливи од вселената, огромните дупки во Сибир, Русија, се последица на ископите на дијаманти. Копањето продолжува на неколку локации.
Британска истражувачка компанија тврди дека има визуелни докази за руска воена инволвираност во конфликтот во источна Украина во 2014-та година. Москва демантира, но тимот истражувачи вели дека доказите покажуваат дека руски воени тенкови учествувале во битките.
Според УНИЦЕФ, една третина од децата во Киргистан живеат во сиромаштија. Некои од мора да се грижат и за своите помали братчиња или сестри. Посетивме едно предградие на Бишкек.
На јулските парламентарни избори во Украина, победи партијата на новиот претседател Зеленски. Многумина од новите пратеници немаат политичко искуство, па летово беа на курс по политика и економија.
Московски полицајци, запираат и контролираат луѓе само затоа што им личат на азијати. Наводно, контролираат илегална имиграција, но активисти за човекови права велат дека тоа е расистички пристап.
Зетот на узбекистанскиот претседател постирал видео на кое се гледа како тој вози автомобил низ улиците на Ташкент со брзина од над 200 километри на час. По критиките на социјалите мрежи, си платил симболична казна.
На аеродром во Узбекистан, Имам им одржува молитва пред заминувањето на узбекистанците на работа во странство. Ги повикува да не се радикализираат и да не бидат навлечени на тероризам, но и да им бидат верни на сопругите.
Идеално место за фотографирање и снимање видеа, но опасно по живот. Токсично езеро во Сибир, стана атракција поради сината вода, а русите го нарекоа „Сибирско Малдиви“.
Кога некој е осомничен за тероризам во Чеченија, неговите роднини се принудени јавно да се оградат од него и да го осудат, се цел да избегнат можна одмазда од властите.
Носи лажна униформа и регулира сообраќај во Бишкек, Киргистан. Им помага на луѓето полесно да поминат низ сообраќајниот метеж. Работи бесплатно.
Илјадници Узбекистанци се принудени да работат „доброволно’ за проектот на претседателот наречен „Просперитетни села“. Мора да градат нови куќи во одредени села, и тоа бесплатно, или ќе сносат последици. Властите тврдат дека луѓето работат доброволно.
Видео со хаштаг „Се разбудив“, во кое млади говорат за проблемите во земјата, стана вирално и отвори широка дебата за престојните претседателски избори. Но, се појави и контра видео, со подршка за властите.
Вчитај повеќе