Кога некој е осомничен за тероризам во Чеченија, неговите роднини се принудени јавно да се оградат од него и да го осудат, се цел да избегнат можна одмазда од властите.
Носи лажна униформа и регулира сообраќај во Бишкек, Киргистан. Им помага на луѓето полесно да поминат низ сообраќајниот метеж. Работи бесплатно.
Илјадници Узбекистанци се принудени да работат „доброволно’ за проектот на претседателот наречен „Просперитетни села“. Мора да градат нови куќи во одредени села, и тоа бесплатно, или ќе сносат последици. Властите тврдат дека луѓето работат доброволно.
Видео со хаштаг „Се разбудив“, во кое млади говорат за проблемите во земјата, стана вирално и отвори широка дебата за престојните претседателски избори. Но, се појави и контра видео, со подршка за властите.
Ирански активисти успеаја да издејствуваат нов закон во врска со нападите со киселина, кои се чести во Иран. Досегашната казна за вакво дело, од 5 години, е зголемана на 25 години затвор.
Спотот на Европскиот парламент за изборите во Европа, кој треба да ги поттикне гласачите да излезат и да гласаат, стана вирален. Во фокуот се новороденчиња, како симбол на иднината на Европа.
Во Црна Гора, од крајот на минатата година почна со работа Центар за откривање на лажни вести и дезинформации. Во центарот сметаат дека посебно новите земји членки на НАТО се таргет на лажните вести.
Казахстанските власти не дозволуваат да се протестира, а апсат дури и ако само стоите со празен лист хартија, на кој не пишува ништо.
По распадот на Советскиот Сојуз во 1991-ва, многу статуи беа уништени, а улиците добија нови имиња, со цел да се расчисти со советското минато. Но, многумина Руси сеуште чувствуваат почит кон некои од диктаторите од тоа време.
12-годишното образование е задолжително во Ерменија, но за повеќето девојчиња јазиди, тоа е само сон. Многу од нив се принудени да се мажат на 15 години, односно штом бидат доволно „високи“.
Руската православна црква гради илјадници храмови низ земјата, најчесто на јавни простори и со подршка на локалните власти. Активисти се противат, но црквата има „пријател“ на највисоките позиции во Кремљ.
По првиот круг претседателски избори, сите се прогласија за победници. Но, секој и по нешто загуби. За вториот круг, останува неизвесен цензусот.
Вчитај повеќе