Ирански активисти успеаја да издејствуваат нов закон во врска со нападите со киселина, кои се чести во Иран. Досегашната казна за вакво дело, од 5 години, е зголемана на 25 години затвор.
Спотот на Европскиот парламент за изборите во Европа, кој треба да ги поттикне гласачите да излезат и да гласаат, стана вирален. Во фокуот се новороденчиња, како симбол на иднината на Европа.
Во Црна Гора, од крајот на минатата година почна со работа Центар за откривање на лажни вести и дезинформации. Во центарот сметаат дека посебно новите земји членки на НАТО се таргет на лажните вести.
Казахстанските власти не дозволуваат да се протестира, а апсат дури и ако само стоите со празен лист хартија, на кој не пишува ништо.
По распадот на Советскиот Сојуз во 1991-ва, многу статуи беа уништени, а улиците добија нови имиња, со цел да се расчисти со советското минато. Но, многумина Руси сеуште чувствуваат почит кон некои од диктаторите од тоа време.
12-годишното образование е задолжително во Ерменија, но за повеќето девојчиња јазиди, тоа е само сон. Многу од нив се принудени да се мажат на 15 години, односно штом бидат доволно „високи“.
Руската православна црква гради илјадници храмови низ земјата, најчесто на јавни простори и со подршка на локалните власти. Активисти се противат, но црквата има „пријател“ на највисоките позиции во Кремљ.
По првиот круг претседателски избори, сите се прогласија за победници. Но, секој и по нешто загуби. За вториот круг, останува неизвесен цензусот.
Белорусија е единствената земја во Европа во која се изрекува и извршува смртна казна. Лани биле егзекутирани 4 лица осудени на смрт.
Кремљ е едно од најобезбедуваните места во Русија, а за воздушниот простор се грижат и специјално обучувани птици - предатори.
Вадим Челдиев се откажа од кариерата како оперски пејач и реши да им помага на сиромашните во неговиот роден град Владикавказ. Не е во „милост“ на власта, бидејќи зборува отворено, но нема политички амбиции.
Жителите на киргистанското село Кајнар се отсечени од цивилизацијата. До најблискиот град одат само во лето, по мала патека. Откако во сообраќајка на таа патека загинале и деца, селаните решиле да не ја чекаат државата туку сами да си направат безбеден пат.
Вчитај повеќе