Во Техеран и во 100 други градови низ Иран, неколку дена се одржуваат протести против драстичното зголемување на цената на бензинот. Во насилствата, според владата, има најмалку 6 мртви, но се страхува дека нивниот број е многу поголем.
Иста шема. Кинески кредити за крупни инфраструктурни проекти, кои ги градат кинески компании, а потоа долгот се трансформира во друг вид бенефит за Кина.
Олех Лиашко, екс украински пратеник, има долга историја на инциденти. Во најновиот, од овој месец, на аеродромот во Киев, нападна соработник на украинскиот претседател Зелински, а видеото го постира на Фесбук.
Локални жители во Црна Гора покренаа тужба против кинеската компанија која гради автопат, за уништување на нивната околина. Загриженост од штетни последици врз реката тара, искажа и УНЕСКО.
Во главниот град на Казахстан почнаа да сообраќаат автобуси во кои има камери за препознавање по лик. Со нив, преку апликација, може да се купи билет. Но, многумина страхуваат дека камерите и податоците од нив, можат да бидат и злоупотребени.
Обвинение за три лица во врска со случајот „Рекет“. Уште неколку лица се под истрага за измама и перење пари, меѓу кои и потпретседателката на парламентот Фросина Ременски. До каде може да стигне истрагата?
Претседателот на Туркменистан, со навреди и со директни преноси на државната телевизија, разрешува функционери. Најнов случај е со Министерот за внатрешни работи.
Претседателот на Туркменистан, во обид да покаже дека се бори против корупцијата и криминалот, го принуди екс министерот за трговија да признае дека бил корумпиран, а тоа беше прикажувано на државната телевизија.
Руската амбасада во Бугарија, отвори изложба во Софија под наслов 75-години од ослободувањето на источна Европа. Според критичарите, не станува збор за ослободување, туку за советска окупација која траеше 5 децении.
Видливи од вселената, огромните дупки во Сибир, Русија, се последица на ископите на дијаманти. Копањето продолжува на неколку локации.
Британска истражувачка компанија тврди дека има визуелни докази за руска воена инволвираност во конфликтот во источна Украина во 2014-та година. Москва демантира, но тимот истражувачи вели дека доказите покажуваат дека руски воени тенкови учествувале во битките.
Според УНИЦЕФ, една третина од децата во Киргистан живеат во сиромаштија. Некои од мора да се грижат и за своите помали братчиња или сестри. Посетивме едно предградие на Бишкек.
Вчитај повеќе