Александар Кухта е православен свештеник во мало место во Белорусија. Но, има илјадници следбеници на Јутјуб, каде што на својот канал зборува на разни теми, - од сексот до Ленин.
Еден од најладните градови во светот, се затоплува, но жителите не се среќни поради тоа. Јакутск во Русија, е изграден на пермафрост (вечен мраз), кој, поради глобалното затоплување, почнува да се топи.
Олена Белска е командант на украинската артилериска единица во регонот Донбас во источна Украина. Таа е една од десетиците илјади украинки кои и се приклучија на армијата, особено по руската анексија на Крим.
Во време на Советскиот сојуз, градот Чаган беше живеалиште на персоналот кој вршеше нуклеарни проби во степите на Казахстан. Сега е град на духови.
Едно село, две имиња, иста улица, но поделена со бодликава жица. Тензиите меѓу Русија и Украина, предизвикуваат проблеми за обичните луѓе по должината на меѓусебната граница.
Девојките кои сакаат да стапат во брак во Таџикистан, мора пред сопругот да ја докажуваат својата невиност. Доколку не успеат во тоа, тие се изложени на физички и психички малтретирања, развод, па и убиства и самоубиства.
Литванската влада издаде предупредување дека руската такси служба Yandex, во Виљнус, ги злоупотребува личните податоци на корисниците и им забрани на владините службеници да се возат со таа такси компанија. Имено, личните податоци завршувале во Русија.
Руски тинејџери постираат фотографии со анти-Путин слогани испишани на училишни табли. Оваа кампања започна откако беше објавено видео од една наставничка, која ги прекоруваше учениците и има кажа дека за вакво нешто се стрелало во време на Советскиот Сојуз.
Долгогодишниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, побегна од Македонија и бара политички азил во Унгарија. Избега од издржување на двегодишната казна затвор, како и од другите судски процеси за криминал за време на неговото владеење.
По повеќе од 10 години обновен летот Атина-Скопје. Линијата беше укината поради преименување на аеродромот во Александар Велики во декември 2006 година.
Го чисти ѓубрето низ Русија со маска на лицето, фотографира и постира на социјалните мрежи. Веќе има илјадници следбеници и се надева на подигање на свеста кај луѓето да не фрлаат отпадоци насекаде.
Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бедримухамедов, соопшти крај на бесплатното користење на гас, струја, вода во земјата. Во иднина, ќе се плаќа, а во Народното собрание, за оваа објава, доби овации и подршка.
Вчитај повеќе