Го чисти ѓубрето низ Русија со маска на лицето, фотографира и постира на социјалните мрежи. Веќе има илјадници следбеници и се надева на подигање на свеста кај луѓето да не фрлаат отпадоци насекаде.
Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бедримухамедов, соопшти крај на бесплатното користење на гас, струја, вода во земјата. Во иднина, ќе се плаќа, а во Народното собрание, за оваа објава, доби овации и подршка.
Сега на потег се пратениците, односно дали власта ќе успее да обезбеди дво-третинско мнозинство за изгласување на уставните измени, неопходни за спроведување на договорот со Грција.
Командантот е српски Американец, а капетанот е косовски Американец. Работат заедно во одржувањето на мирот и градењето доверба на Косово во рамките на мисијата на КФОР. И двајцата се припадници на американската армија.
Косовската полиција почна да употребува и дронови за контролирање на дисциплината на возачите на патиштата, со цел намалување на сообраќајните несреќи. За почеток, има успех.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на референдумот да се изјаснат по сопствено убедување. Според него, ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, но против Договорот за името со Грција, иако Столтенберг повеќепати повтори дека едно без друго не може.
Серија значајни личности ја посетија деновиве Македонија со единствена порака: „Имате историска шанса да решавате за својата иднина, излезете на 30-ти септември и гласајте“.
И покрај официјалното примирје, во источна Украина речиси секој ден има престрелки меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти. Репортерот на РСЕ помина еден ден во рововите на украинските сили.
„Патриотскиот младински воен камп“ на Златибор, беше затворен деновиве од српските власти. Таму се обучуваа деца и млади за ракување со оружје и за воени акции. Кампот беше подржан од руската крајно десничарска група Е.Н.О.Т., која организира слични кампови во Русија.
Во повеќе градови во Иран, граѓаните протестираат против економската криза и падот на домашната валута. Демонстрантите извикуваат слогани против власта и против религиозните лидери, меѓу кои: „Нашиот непријател е тука, не е Америка“.
На 30-ти септември граѓаните на Македонија треба да се изјаснат на референдум за тоа дали се за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот со Грција за името. ДА, сакаме во НАТО, па и со промена на името, или НЕ, не сакаме во НАТО и ЕУ со менување на името.
Про-руските „Ноќни волци“, односно нивната експозитура во Словачка, етаблира камп во близина на Братислава, до кој не дозволуваат пристап. Според некои официјални словачки претставници, овој камп е закана за националната безбедност.
Вчитај повеќе