Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бедримухамедов, соопшти крај на бесплатното користење на гас, струја, вода во земјата. Во иднина, ќе се плаќа, а во Народното собрание, за оваа објава, доби овации и подршка.
Сега на потег се пратениците, односно дали власта ќе успее да обезбеди дво-третинско мнозинство за изгласување на уставните измени, неопходни за спроведување на договорот со Грција.
Командантот е српски Американец, а капетанот е косовски Американец. Работат заедно во одржувањето на мирот и градењето доверба на Косово во рамките на мисијата на КФОР. И двајцата се припадници на американската армија.
Косовската полиција почна да употребува и дронови за контролирање на дисциплината на возачите на патиштата, со цел намалување на сообраќајните несреќи. За почеток, има успех.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на референдумот да се изјаснат по сопствено убедување. Според него, ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, но против Договорот за името со Грција, иако Столтенберг повеќепати повтори дека едно без друго не може.
Серија значајни личности ја посетија деновиве Македонија со единствена порака: „Имате историска шанса да решавате за својата иднина, излезете на 30-ти септември и гласајте“.
И покрај официјалното примирје, во источна Украина речиси секој ден има престрелки меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти. Репортерот на РСЕ помина еден ден во рововите на украинските сили.
„Патриотскиот младински воен камп“ на Златибор, беше затворен деновиве од српските власти. Таму се обучуваа деца и млади за ракување со оружје и за воени акции. Кампот беше подржан од руската крајно десничарска група Е.Н.О.Т., која организира слични кампови во Русија.
Во повеќе градови во Иран, граѓаните протестираат против економската криза и падот на домашната валута. Демонстрантите извикуваат слогани против власта и против религиозните лидери, меѓу кои: „Нашиот непријател е тука, не е Америка“.
На 30-ти септември граѓаните на Македонија треба да се изјаснат на референдум за тоа дали се за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот со Грција за името. ДА, сакаме во НАТО, па и со промена на името, или НЕ, не сакаме во НАТО и ЕУ со менување на името.
Про-руските „Ноќни волци“, односно нивната експозитура во Словачка, етаблира камп во близина на Братислава, до кој не дозволуваат пристап. Според некои официјални словачки претставници, овој камп е закана за националната безбедност.
Оксана Шачко, една од основачите на движењето Фемен, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Париз. Според Фемен, информацијата дека таа извршила самоубиство, е сомнителна. 31-но годишната Шачко, учествуваше на повеќе протести против кршењето на човековите права, а беше и апсена, па и тепана.
Вчитај повеќе