Достапни линкови

Вести

Владата тврди дека набавките на храна се согласно процедурите

Влада на РСМ
Влада на РСМ

Владата информира дека набавките на производи за угостителски услуги се редовни и планирани целосно транспарентно и согласно сите процедури за јавни набавки, откако денескагенералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ја обвини власта дека со народни пари купува школки,шкампи и морска риба за време на корона кризата.

Од Владата објаснуваат дека плаќањето на набавените количини е сукцесивно, односно тоа што нема да се потроши не се плаќа.

„Владата очекува дека потрошените и наплатени количини на производи за храна годинава ќе бидат значително помали од претходните, особено ако се знае дека рестораните за време на здравствената криза не работеа и сè уште не се во функција, а во 2020 година значително е намален обемот на посети од странски делегации“, се наведува во официјалната реакција.

Во неа се додадва дека преку овие услуги се остварува и приход, со оглед на тоа што има можност да се наплати на вработените во рестораните на Владата, Собранието, Претседателот, Клубот на пратеници…

Претходно денеска Јанушев изјави дека наместо да се набават нови респиратори, заштина опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари.

Од утре ублажување на мерките во Италија

По два месеца блокада Италија, од утре почнува со ублажување на мерките за заштита од ширењето на коронавирусот. Парковите, игралиштата и излетничките места ќе бидат отворени за пешачење, џогирање или возење велосипед, но луѓето ќе треба да одржат растојание од најмалку еден метар.

Ништо не може да се направи во групи, затоа големите семејни ручеци се забранети. Не е дозволено одење во викендици. Луѓето нема да можат да ги напуштат своите региони, освен во итен случај, пренесува АФП.

Во Италија, која ја регистрираше првата смрт од коронавирусот на крајот на февруари, досега умреле 28.710 луѓе и се втора земја по бројот на умрени по Соединетите држави. Според податоците на американскиот универзитет Џонсон Хопкинс, повеќе од 209.000 биле заразени од коронавирусот.

Здравствените работници ги предупредија граѓаните да се придржуваат до другите лични санитарни мерки, а премиерот Џузепе Конте предупреди дека повторно ќе воведат рестриктивни мерки доколку стапката на зараза започне да расте.

Рајанер ќе отпушти 3000 работници

илустрација
илустрација

Компанијата „Рајанер“ најави отпуштање на 15 проценти од персоналот со цел намалување на трошоците за време на епидемијата на коронавирус.

Директорот на оваа нискобуџетска компанија, Мајкл О’Лери, изјави дека не ќе можат да работат со полн капацитет до следната година и дека „Рајанер“ ќе мора да се натпреварува со авиокомпаниите кои ќе добијат милијарди државна помош. Тој во интервју за Ројтерс вели дека компанијата ќе излезе посилна од борбата со оваа криза, како и дека се преговара за цените со Боинг. Тој сега смета дека ќе бидат потребни две до три години за нормализирање на бизнисот.


„Рајанер“ ќе започне со консултации со синдикатите во текот на следната недела да отпушти три илјади работници и да ги намали платите за 20 проценти, се вели во документот испратен до пилотите вработени во компанијата.

Захариева: Од заеднички интерес е да ја признаеме реалноста, а вие историјата

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева

Од заеднички интерес е Македонија да ја признае историјата, а истовремено ние да ја признаеме нивната реалност во моментов, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева. Таа за бугарската телевизија Канал 3 истакна дека Бугарија води мудра надворешна политика и нема да дозволи да биде искористена во предизборната кампања кај соседот, но нема ни да ги промени условите.

Запрашана дали е можно бугарско вето поради прашањата за историјата и јазикот, истакна дека тоа не е интерес на Бугарија.

„Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети. Изборите поминуваат, соседите остануваат. Географијата е најнепроменливото нешто во ваков непредвидлив свет, соседите остануваат. Ние имаме интерес и тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес“, изјави Захариева.

Брнабиќ најави укинување на вонредната состојба наскоро

Српската премиерка Ана Брнабиќ
Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека вонредната состојба ќе биде укината наскоро и дека ќе се однесува на препораките на стручната јавност во однос на мерките за спречување на ширење на епидемијата.

Брнабиќ за телевизија Прва изјави дека отворањето на границите ќе следи по укинувањето на мерките, но дека авиопревозот ќе биде пуштен наскоро, бидејќи како што рече, тој е најлесен за контролирање.

Брнабиќ додаде дека таа и министрите во Владата нема да земат 100 евра, кои им беа ветени на сите граѓани на Србија, како една од мерките за помош.

Во Русија над 10.000 заразени за еден ден

Во Русија е забележан рекорден број на заразени со коронавирус во еден ден. Во последните 24 часа, дополнителни 10.633 лица се заразиле во земјата, зголемувајќи го бројот на пријавени случаи во Русија на 134.687. Уште 58 лица починале во последното деноноќие, па бројот на смртни случаи од Ковид-19 се искачи на 1280.

Според руската новинска агенција ТАСС, 50,3% од пациентите со коронавирус немале симптоми на инфекција.

Пет новозаразени, 95 оздравени пациенти

Пет нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани денеска, а Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Куманово на возраст од 94 години, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид. Постпмортем брисот покажал присуство на вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а од петте нови случаи во Скопје се два, во Куманово еден, во Прилеп еден и во Тетово еден.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје 511, Куманово 401, Дебар 51, Штип 34, Прилеп 158, Тетово 86, Струга 67, Велес 77, Битола 19, Охрид 15, Кавадарци 5, Гостивар 17, Гевгелија 4, Струмица 2, Крива Паланка 5, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 31, Пробиштип 2, Кичево 2, Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар 1, Македонски Брод 2,Пехчево 2, Делчево1, Валандово 1, Виница 2 лица.

Иран постепено ги отвора џамиите од утре

Иран планира повторно да ги отвори џамиите и училиштата во области од земјата каде што бројот на заразени со коронавирусе намален, откако владата на претседателот Хасан Рохани објави дека ги намалува ограничувањата наметнати поради пандемијата.

Џамиите се затворени, а верските собири се забранети од средината на март, кога вирусот започна да се шири во оваа најтешко погодена земја на Блискиот исток.

„Џамиите ќе бидат отворени во 132 градови со мал ризик од понеделник (4 Мај). Сепак, сите овие чекори ќе бидат преземени во согласност со здравствените протоколи“, изјави Рохани на состанокот на Националниот пандемиски комитет.

Иранското Министерство за здравство ја подели земјата во бели, жолти и црвени области врз основа на бројот на заразени и смртни случаи. Министерството денеска објави дека има постепен пад на бројот на заразени лица, при што бројот на загинати е 6.156 а, вкупниот број заразени 96448 лица.

Едно убиство, 79 семејни насилства за време на карантинот

Едно убиство и четири самоубиства бележи билтенот на полицијата откако почнаа рестриктивните мерки во државава поради коронавирусот. Еден случај од самоубиствата кој е регистриран во Штип е поврзан со Ковид-19. Лицето како причина за самоубиството во последната порака ја посочило расправијата со сопругата околу коронавирусот. Во истиот период регистрирани се и 9 обиди за самоубиство за кои досега не е утврдено дека се поврзани со вирусот.

Според статистиката на МВР во однос на семејното насилство од 12 март до 12 април регистрирани се 79 кривични дела сторени при семејно насилство, што претставува намалување за 28 отсто во однос на претходниот период, кога биле регистрирани 109 кривични дела.

Во делот на прекршоците регистрирани се 32 прекршоци што претставува намалување за 33 отсто во однос на истиот период од претходната година. Од прекршоците, најголемиот дел или 55 отсто се регистрирани на подрачје на СВР Скопје, потоа во СВР Штип 16,6 отсо и СВР Куманово 10,8 отсто, додека во СВР Битола, СВР Велес и СВР Струмица не е регистриран ниту еден прекршок.

Пакистански новинар пронајден мртов во Шведска

Саид Хусаин 
Саид Хусаин 

Пакистанскиот новинар Саид Хусаин кој исчезна пред два месеци во Шведска бил пронајден мртов во река, соопшти шведската полиција. Телото на Хусеин е пронајдено на 23-ти април во реката Фирис во близина на градот Упсал, изјави портпаролот на полицијата Џонас Еронен, пренесува „Гардијан“. Хусеин, кој беше уредник на порталот „Балочистан Тајмс“, исчезна на почетокот на март.

Портпаролот на полицијата изјави дека убиство не може целосно да се исклучи, но додаде дека смртта на Хусеин би можела да биде или несреќа или самоубиство. Тој рече дека обдукцијата ќе покаже „дали тој бил жртва на кривично дело“.

Хусеин (39), избегал од Пакистан во 2012 година, откако добил закани поврзани со неговото известување и живеел во егзил во неколку земји пред да побара азил во Шведска во 2017 година.Покрај тоа што пишува за злоупотреби на човековите права во Пакистан, тој исто така известуваше за организиран криминал и трговијата со наркотици.

Во 2019 година, Пакистан се рангираше на 142-то место од 180 земји во индексот за слобода на печатот на меѓународната организација „Репортери без граници“.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG