Вести
ММФ: Пандемијата ќе ја предизвика најголемата економска криза досега
Глобалната пандемија на коронавирусот ќе ја предизвика најлошата економска криза по Големата депресија од 1929-1933 година, а тоа само по себе ќе бара и масовен одговор за да се обезбеди економско закрепнување, предупреди денескаМеѓународниот монетарен фонд. Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева вели дека „глобалниот економски раст ќе биде негативен во 2020 година“ и дека 170 од 180 членки на ММФ ќе имаат пад на приходите по глава на жител.
Георгиева ова го изјави на прес конференција во Вашингтон на само една недела пред најавените состаноци на претставници на ММФ и Светска Банка чија цел ќе бидат разговори околу ограничувањата наметнати од борбата против Ковид 19.
„Постои огромна неизвесност околу перспективата, околу времетраењето на пандемијат, како и околу прашањето- дали може ситуацијата да се влоши“ изјави таа.
Експертите од ММФ очекуваат делумно закрепнување на светската економија дури следата година, базирано на претпоставката дека здравствената криза ќе згасне, со што ќе им овозможи на бизнисите да се рестартираат по укинувањето на разните забрани кои сега се на сила.
За да ги ублажат последиците од економската криза многу Влади низ светот презедоа мерки во вредност од најмалку 8 милијарди долари.
Пендаровски повика на почитување на препораките
Претседателот Стево Пендаровски при посетата на Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје повика на доследно почитување на препораките од надлежните институции со цел справување со последиците од ширењето на вирусот КОВИД-19. Во соопштението до претседателскиот кабинет е наведено дека Пендаровски им оддал признание за макотрпната работа на докторите и медицинско-техничкиот персонал, кои по појавата на вирусот работат со засилено темпо и се изложени на висок ризик во својата работа.
Вработените во Лабораторијата, поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци. Пендаровски ја истакна потребата да се овозможи непречена работа на лабораторијата, која има важна улога во детектирањето и спречувањето на ширењето на вирусот, се вели во соопштението.
Владата прераспредели 100 милиони евра од буџетот за економските мерки против коронакризата
Околу 100 милиони евра од македонскиот буџет ќе бидат прераспределени за спроведување на економските мерки за справување со последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19. Оваа одлука беше донесена денеска на владината седница.
На денешната седница Владата ја изменила уредбата за поддршка на работодавачи од приватниот сектор за плати за април и мај со која се отстранува условотуправители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката. Причината е заштита на микробизниси и мали фирми, и се де дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година, а не како што беше претходно утврдено до септември.
За оваа мерка нема да може да аплицираат само компании кои веќе се ослободени од плаќање на придонеси и персонален данок преку проектот „Македонија вработува“ или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата.
Владата донесе и уредба со законска сила за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за време на вонредна состојба.
Грчките цркви затворени за верниците пред Велгиден
Црквите во Грција оваа недела ќе бидат затворени за верниците, а Светиот Синод ги охрабрува сите верниците да останат дома, посветени на домашна молитва. Ова го изјави претставникот за медиуми на Грчката православна црква митрополитот Јеротеос откако грчките медиуми објавија писмо од Светиот синод со упатства во пресрет на Велигден каде што беше наведено дека црквите, неделата пред Велигден ќе бидат отворени од 11 до 13 часот , а на Велики Петок од 13.00-17 часот.
Митрополитот Јеротеос објасни дека станува збор за препораки наменети за свештените лица, а не за верниците, за кои црквите ќе бидат затворени.Тој истакнал дека Светиот синод во услови на пандемија не охрабрува ниту еден верник да дојде во црква.
Амнести Интернешнл: Во Иран убиени 30 затвореници при протест
Во протести кои беа организирано од илјадници затвореници во Иран при судири со безбедносни сили биле убиени најмалку 35 затвореници, соопшти светската организација Амнести Интернешнл. Според нивното соопштение немирите и протестите настанале поради стравувањата од зараза со коронавирусот. Во најмалку 8 затвори во Иран биле организирани протести поради стравување од потенцијално заболување со Ковид 19. Полицијата на ова одговориле жестоко при што според изворите на оваа организација, биле убиени 35 затвореници и стотици други се ранети.
„ Срамно е што наместо да одговорат на легитимните барања на затворениците за заштита од Ковид 19, иранските власти прибегна кон убивање на луѓе за да ги замолчат“ изјави денеска заменик регионален директор на Амнести Интернешнл за Блискиот Исток Дајана Елтахави.
Филипче до Реџепи: Верувам дека сите се свесни за ситуацијата
Министерот за здравство Венко Филипче очекува сите да бидат свесни за ситуацијата со пандемијата и да се заложат максимално да ги поттикнуваат граѓаните дека треба да ги почитуваат мерките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот. Филипче ова го одговори на новинарското прашање за коментар за изјавата на поглаварот на ИВЗ Реисот Сулејман Реџепи дека државата не обезбедила помош за религиозните заедници и поради тоа може да се случи да ги суспендираат одлуките за забрани за верски собири.
Реџепи, како што пренесуваат медиумите, во телевизиско интервју за верска емисија за ТВ Глоби изјавил дека подолго време чекаат одговор за ветената помош.
„Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш“, изјавил Реџепи.
Министерот Филипче изјави дека ги следат сите информации и дека очекува од сите чинители во општеството за придонесат во заштита на здравјето на граѓаните.
„Во однос на информациите кои стигнуваат од ИВЗ , и од други институции, ги пратиме реакциите на граѓаните на јавните мрежи за овие мерки. Јас сметам дека ова е еден период во кој мора да се издржи. Ова се сериозни мерки за рестрикција, меѓутоа крајната цел е да се заштити здравјето на граѓаните. Знам дека е тешко, доаѓаат и верски празници, но ова е период во кој сите мора да се стрпиме и издржиме, мора да инвестираме во сопственото и колективното јавно здравје,“ одговори Филипче.
Притвореник починал, постхумно позитивен на Ковид 19
Притвореник од казнено поправната установа во Шуто Оризари починал од срцев удар, кој што немал симптоми на Ковид 19, но постхумно е утврдено дека бил позитивен на коронаворусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека денеска е во тек епидемиолошка анкета во затворските одделени во Шуто Оризари за тоа кој друг од оваа установа биле во контакт со него. Бројот на починати од Ковид 19 денеска се искачи на 30, вклучувајќи ја и родилката од Куманово која почна вчера. Бројот на новозаразени од Ковид 19 изнесува 46 со што вкупниот број достигна до 663.
Министерот Филипче изјави дека во болницата Осми септември се хоспитализирани 25 пациенти од кои пет се во тешка состојба, а во битолската болница се примени петмина од кои на еден пациент му било потребна кислородна поддршка. На Клиниката за инфективни болести примени се пет нови пациенти, со што вкупниот број изнесува 68. Со потешка здравствена состојба се 20 пациенти, од кои 7 се во критична фаза и се приклучени на респираторни машини. Хоспитализирана е и мајка и четиримесечно бебе. Тој додаде и дека во Домот за стари лица во Битола има еден штитеник кој болнички згрижен и тој е позитивен на Ковид-19.
Во однос на празниците кои следуваат министерот најави посилни рестриктивни мерки, односно дека во тој период ќе важат истите мерки како за викенд.
Филипче нагласи дека мерките кои ги спроведувале се строги, но, како што вели, Владаа се подготвува и за периодот кон крајот на април кога се очекува да биде пикот на болеста.Тој додаде дека се поготвуваат и планови за постепено нормализирање на општествениот живот потоа, со цел да се избегне повторен бран на заболени. Тоа значи дека нема наеднаш да се вратат работите во нормала бидејќи секогаш постои ризик и за втор пик.
Дебар и Центар Жупа чекаат владина одлука за кризната состојба
По 30-дневниот карантин за општините Дебар и Центар Жупа, локалните власти очекуваат од владата да одлучи дали и понатаму двете општини ќе останат во кризна состојба. Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука и неговиот колега од Центар Жупа Арјан Ибраим, оценија дека кризната состојба имала многу позитивни ефекти во запирањето на ширењето на епидемијата и дека сега се во исчекување на владината одлука.
Одлуката за кризна состојба и карантин во овие две општини, за сега, важи до 11 април.
Како што јави нашиот дописник од Дебар, дебарскиот градоначалник денеска оценил дека самиот факт дека последните денови во Дебар нема новозаболени јасно говори за позитивните ефектите од воведената кризна состојба. Слична е и оценката на градоначалникот на Центар Жупа, Арјан Ибраим, кој вели дека и покрај тоа што беа евидентирани првите два случаи на Коронавирус во оваа рурална средина, по преземените мерки немало нови болни.
46 новозаразени со коронавирус во Македонија
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи позитивни на коронавирусот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица.
Новозаразени лице, по градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
„Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ“, информираше Министерството за здравство.
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
Скопје – 273, Куманово - 143, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп –46, Тетово – 30, Струга – 30, Велес – 18, Битола –8, Охрид –3, Кавадарци - 3, Гостивар –4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш - 4, Крушево – 3, Кочани – 19 и Пробиштип - 1.
Џанг Ѕуо: Кинеската помош за С. Македонија до крајот на април
Кинескиот амбасадор во Северна Македонија, Џанг Ѕуо, денеска изјави дека кинеската помош за Северна Македонија треба да пристигне до крајот на месецов. Тој информираше дека со властите во земјава се уште го договараат прецизниот датум, бијдеќи, како што рече, тешко е во моментов да се организира транспортот.
Според амбасадорот, деновиве имало контакти и на ниво на збратимени градови за помош во справувањето со Ковид-19. Збратимениот град на Скопје, Нан Чанг планира да испрати 50 илјади маски, збратимениот град на Прилеп, Де Јанг планира да испрати заштитни одела.
„Велиме пријателот во неволја е поблизок и од брат и затоа ние заедно ќе победиме“, рече кинескиот амбасадор на денешното доделување на донации за неколку македонски медиуми.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете